Лопате
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Лопате (албански: Llopati) — село во Општина Куманово, кое се наоѓа во близина на градот Куманово[2].
Лопате | |
Координати 42°8′54″N 21°39′51″E | |
Општина | Куманово |
Население | 2.063 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 17058, 17558 |
Надм. вис. | 365 м |
Лопате на општинската карта Атарот на Лопате во рамките на општината | |
Лопате на Ризницата |
Лопате е сместено на територијата на Општина Куманово, во котлината Жеглигово. Селото се наоѓа на десниот брег на Липковска Река, недалеку од градот Куманово (на 4 км оддалеченост од западна страна), и е веќе фактички дел од градот. Се работи за рамничарско село на надморска височина од 365 метри. Атарот на селото е 8,5 квадратни километри.
Во близина на селото поминува реката Слупчанка.
Наодите во блиските Археолошки наоѓалишта, покажуваат дека околината на селото е населена уште од неолитот.
Во XIX век, Лопате било претежно муслиманско, т.е. албанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
Во основа, етничкиот конфликт во Република Македонија во 2001 година не го погодил особено Лопате, село со доминатно етничко албанско население. Сепак, спорадични пукотници и движења на ОНА имало, и во селото се осетиле помали последици. Веќе во втората половина на септември 2001, во координација со МЦМС, започнато е со поправка на 20те оштетени куќи во Лопате. [мртва врска] Во октомври 2001, во селото започнуваат со патроли етнички мешани полициски сили. Извесни тензии се осеќаат во зимата 2001, кога поради безбедносни причини, сите македонски ученици од Режановце кои дотогаш посетувале настава во основното училиште Маршал Тито во Лопате, се префрлиле во новоформираните паралелки во Режановце (инаку под надлежност на училиштето во Лопате). На почетокот на декември 2001, православните жители на Лопате поднесуваат неуспешно барање во близина на селото да остане контролниот пункт на МВР.
На почетокот на учебната 2006 - 2007, македонските ученици од селото Лопате и Режановце, повторно ја бојкотираат наставата, речиси цело полугодие. Непосреден повод за тоа е смената на името на основното училиште во Битолски конгрес (конгрес каде што се кодифицирала албанската азбука), но исто така и несоодветниот третман на подрачното училиште во Режановце при алокацијата на средствата. [мртва врска] [мртва врска][мртва врска]
Лопате е едно од селата покриено со акцијата на МВР, наречена Пепел, со која во октомври 2008 полицијата се обиде да му стави крај на шверцот на тутун во Кумановско. [мртва врска]
Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште доминира и зафаќа 728 хектари. Во близина на селото поминува прометна железничка пруга.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лопате живееле 472 жители, од кои 400 Албанци и 72 Роми.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200Македонци и 400 Албанци.[4]
Лопате е големо село, со пораст на населението. Во 1961 година бројот на жители изнесувал 1.260 (578 Турци, 475 Македонци, 129 Албанци, 54 Срби и 20 неопределени). Во 1994 година бројот се зголемил на 2.320 жители - 1.763 Албанци, 473 Македонци, 74 Срби и 10 лица од други националности . Според пописот во 2002 година, бројот на жителите пораснал на 2.448. Етничката структура е прикажана во табелата:
Националност | Вкупно |
Македонци | 478 |
Албанци | 1.886 |
Срби | 80 |
останати | 4 |
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.063 жители, од кои 366 Македонци, 1.597 Албанци, 29 Срби, 1 Бошњак и 70 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 967 |
1953 | 262 | 242 | 467 | 49 | — | 72 | — | 5 | — | 1.067 |
1961 | 475 | 129 | 578 | — | — | 54 | — | 24 | — | 1.260 |
1971 | 433 | 901 | 157 | 6 | — | 86 | — | 19 | — | 1.602 |
1981 | 525 | 1.283 | 25 | 6 | — | 63 | — | 81 | — | 1.983 |
1991 | 466 | 23 | — | 5 | — | 64 | — | 27 | — | 585 |
1994 | 473 | 1.763 | — | — | — | 74 | — | 10 | — | 2.320 |
2002 | 478 | 1.886 | — | — | — | 80 | — | 4 | — | 2.448 |
2021 | 366 | 1.597 | — | — | — | 29 | 1 | — | 70 | 2.063 |
Лопате е мешано село
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Албански
Турски
Македонски
За време на избори се гласа во основното училиште.
Македонски православни родови иселени од селото се- Милевци, Лопатарци и Црно Спасини. Првите се наоѓаат во селото Винце, вторите во Агино Село, а третите во Режановце. Од 1954 до 1958 година, 35 муслимански семејства се иселиле во Турција. Повоени православни иселеници од селото има во Куманово и во Србија.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.