Липково
село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia
Липково (албански: Likovë) — село и административно седиште на истоимената општина, во областа Жеглигово, во околината на градот Куманово.
Липково | |
Координати 42°9′23″N 21°35′7″E | |
Општина | Липково |
Област | Жеглигово |
Население | 2.138 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 17056, 17556 |
Надм. вис. | 448 м |
Липково на општинската карта Атарот на Липково во рамките на општината | |
Липково на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во западните падини на Скопска Црна Гора, на десниот брег на Липковска Река. На 2 километри од Липково се наоѓа Липковското Езеро. Оддалечено е 13 километри западно од Куманово. Селото е рамничарско, на надморска височина од 450 метри.
Во XIX век селото било дел од Кумановската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Липково живееле 490 жители, од кои 250 Албанци и 240 Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Липково имало 48 Македонци, патријаршисти, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.000 Албанци.[4]
Населението на селото се зголемувало, така што има население од 1.507 жители во 1961 година, а во 1994 година живееле 2.339 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.644 жители и претставува најголемото село во областа Жеглигово и околината на Куманово. Во него живееле 2 Македонци, 2.631 Албанец и 11 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.138 жители, од кои 2.104 Албанци, 1 Турчин, 1 останат и 32 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 490 | 48 | 1.418 | 1.663 | 1.507 | 1.741 | 1.929 | 0 | 2.339 | 2.644 | 2.138 |
Липково е албанско село.
Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Дерњан (53 куќи), каде што се доселил кон крајот на 18 век. Потекнува од местото Дерњан од областа Мат (северна Албанија).[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.