македонски писател From Wikipedia, the free encyclopedia
Лидија Димковска — македонски поет, прозаист, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач.
Лидија Димковска | |
---|---|
Портрет на Лидија Димковска | |
Роден/а | Лидија Димковска 11 август 1971 Скопје, СФР Југославија |
Националност | Македонија |
Народност | Македонка |
Образование | Скопски универзитет |
Лидија Димковска е родена во Скопје на 11 август 1971 година. Завршила Филолошки факултет во Скопје на групата Општа и компаративна книжевност, а докторирала на тема од романската книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија. Работела како предавач по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт. Исто така, таа била уредник на одделот за поезија во електронското списание за култура и уметност „Блесок“. Член е на ДПМ од 1995 година.
Лидија Димковска била добитник на наградата на „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга. Нејзиниот прв роман „Скриена камера“ ја добил наградата на ДПМ „Стале Попов“ за најдобар роман[1]. Исто така, оваа награда ја добила и за својот роман „Резервен живот“, објавен во 2012 година од издавачката куќа „Или-Или“.[2]
За романот „Резервен живот“, во 2013 година, Димковска ја добила и наградата за литература на Европската унија.[3] Во мај 2015 година, во рамките на пролетниот саем на книгата во Софија, бил претставен бугарскиот превод на романот „Резервен живот“, објавен од издавачката куќа „Колибри“ од Софија. Претходно, романот бил преведен и на унгарски и словенечки јазик.[4]
Димковска се појавила на македонската книжевна сцена на почетокот од 1990-тите, кога доживела метеорски успех како поет. На почетокот, таа пишувала кратки, метафорични песни, а подоцна, започнала да пишува метонимски, долго и многузборни, наративно-лирични поеми. Најпосле, таа се испробала и во прозата, пишувајќи романи во стилот на постмодерните пишувачки техники.[5]
Нејзини поважни дела се:
Исто така, Димковска е составувач на антологијата „Дваесет млади македонски поети“ (2000).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.