Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Санде Стојчевски (роден на 16 септември 1948 година во с. Студена Бара, Кумановско) — македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач.[1]
Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“ - Скопје, главен уредник на списанието „Стремеж“ - Прилеп и претседател на Управниот одбор на балканската книжевна манифестација „Рацинови средби“ - Велес. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ - Скопје и уредник е на списанијата „Стремеж“ - Прилеп и „Акт“ - Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.
Соавтор е на петтомната едиција Македонска книжевност во книжевната критика (1973). Главен уредник на редакцијата на проектот 130 тома македонска книжевност (2008) Главен уредник на редакцијата на проектот Нобеловци (2008-2009)
Добитник е на наградите:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.