Книжевен жезол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Книжевен жезол претставува награда за поетски опус со високи естетски вредности што го доделува Друштвото на писателите на Македонија. Традиционално се порогласува на од одборот на манифестацијата „Празник на липите“ во ноември, а признанијата на добитниците се враченуваат на централната приредба во јуни секоја година.
Лауреати
- 2005 - македонскиот автор Јован Стрезовски и словенечкиот поет Алеш Штегер;[1]
- 2006 - Илхами Емин од Македонија и Франтишек Липка од Словaчка;[2]
- 2007 - македонскиот писател Србо Ивановски и украинската поетеса Љубов Василивна Голгота;[3]
- 2008 - академик Катица Ќулавкова од Македонија и Думитру М. Јон од Романија;[4]
- 2009 - македонскиот поет Ристо Лазаров и поетот од Албанија Садик Бејко;[5]
- 2010 - македонската поетеса Светлана Христова - Јоциќ и чешкиот поет Иво Одехнал;[6]
- 2011 - македонскиот поет Санде Стојчевски и бугарскиот поет Петар Карангов;[7]
- 2012 - македонскиот поет и литературен критичар Ефтим Клетников и на академик Анте Стамаќ, поет и македонист од Хрватска;[8]
- 2013 - македонскиот поет Бранко Цветкоски и босанскиот поет Абдулах Сидран;[9]
- 2014 - македонскиот поет Иван Чаповски и поетот од Молдавија, Николаи Дабижа;[10]
- 2015 -
- 2016 - македонскиот поет Цане Андреевски и поетот од Србија, Јован Зивлак;[11]
- 2017 - македонскиот поет Видое Видичевски и поетот од Романија Ѓеорѓе Добре;[12]
- 2018 - македонскиот поет Радован П. Цветковски и поетот од Албанија Аријан Лика;[13]
- 2022 - македонската поетеса Гордана Михаилова-Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција[14]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.