Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ристо Лазаров, роден на 3 октомври 1949 година во Штип, НР Македонија. Дипломирал југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пишува поезија, театарска и литературна критика.[1] Живее и работи како новинар во Скопје.[2]
Ги објавил следниве одделни книги поезија:
Објавил и три избора од поезијата на македонски јазик: „Одрони“ (1988), „Јаве“ (1998) и „Жива рана“ (2008). Неговите книги се преведени на албански, англиски, бугарски, руски, словенечки, српски и чешки јазик.
Ристо Лазаров е добитник е на следните награди во областа на литературното творештво:
Во областа на новинарството ги добил врвните државни награди „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ (1975) и „Крсте Мисирков“ (1982).
Ристо Лазаров е застапуван во повеќе антологии на македонската и југословенската поезија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Од 2006 година е претседател на Македонскиот ПЕН центар. Бил генерален директор на југословенската новинска агенција „Танјуг“. Бил директор и главен уредник на Телевизија Телма.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.