From Wikipedia, the free encyclopedia
Видое Видичевски — поет, раскажувач, романописец и драмски писател. Роден е на 8 јануари 1931 година во Охрид. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Член на ДПМ од 1959 година.[1]
Видое Видичевски | |
---|---|
Роден/а | 8 јануари 1931
Охрид, Македонија |
Починат/а | 12 декември 2020
Охрид, Македонија |
Занимање | Писател |
Завршил Филозофски факултет во Скопје[2]. Бил оснoвач и прв директор на Радио Охрид, директор на Домот на културата во Охрид, еден од основачите на „Охридско лето“ и негов раководител, како и покренувач на манифестацијата „Прличеви беседи“. Член на ДПМ од 1959 година. За своето творештво e добитник на низа признанија, меѓу кои наградата на РТС на Струшките вечери на поезијата, наградата за најдобра книга меѓу два саема, Седмоноемвриската награда на Охрид, наградата на „Дијалог“ за најдобра поетска книга во 2009 година и на наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности.
Добитник е на наградите: „РТВ Скопје“ за најдобра книга за деца и на книгоиздателството „Детска радост“.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.