Кукуречани
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Кукуречани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Битола.
Кукуречани | |
Координати 41°5′44″N 21°19′32″E | |
Општина | Битола |
Население | 784 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7241 |
Шифра на КО | 02066 |
Надм. вис. | 576 м |
Кукуречани на општинската карта Атарот на Кукуречани во рамките на општината | |
Кукуречани на Ризницата |
Селото Кукуречани е сместено на западните планински венци што ја опкружуваат Пелагониската Котлина по долината на реката Шемница, на 21 километар од градот Демир Хисар и на 7 километри северно од градот Битола. Патот Битола-Кичево го дели селото на два дела: поголем, југозападен дел, наречен Горно Маало и помал, североисточен дел наречен Долно Маало.
При крајот на турското ропство во Кукуречани се затекнати голем број на чифлици, а само неколку семејства биле рајатски. Сопстевеници на чифлиците биле: Адем-бег, Јусуф-ефенди, Ваит-ефенди, Азис-ефенди, Оџа Мемет, Кадри-ага, Расим-бег и др.[2]
Селото се споменува во една потврда од 22 февруари 1639 година - издадена од лицето Мустафа за да ги собира приходите и таксите од село Кукуречани, кое спаѓало во хасовите на дефтердарот на Румелија.[3]
Во XIX век, Кукуречани било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
За време на Илинденското востание во 1903 година, во Кукуречани биле запалени неколку чифликсајбиски кули. Другите кули биле срушени по ослободувањето од Турците.[2] Тогаш во ова село се распаднале сите чифлици.
Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кукуречани живееле 700 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кукуречани имало 656 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кукуречани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 77 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[8]
Селото броело 1.712 жители во 1961 година, додека во 1994 година селото има 1.001 жител.
Според пописот од 2002 година, во селото Кукуречани живеат 966 жители, од кои:[9] 950 Македонци, 14 Роми и 2 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 784 жители, од кои 730 Македонци, 5 Албанци, 15 Роми, 1 Србин и 33 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 700 | 656 | 1.449 | 1.598 | 1.712 | 1.637 | 1.868 | 1.237 | 1.001 | 966 | 784 |
Кукуречани е македонско православно село.
Родови во селото се:
Во селото постојат избирачките места бр. 194 и 195 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 764 гласачи.[17]
ФК Светлост (Кукуречани), оформен во 1962 година, со соединување на двата кукуречански клуба, ФК Ловец (Кукуречани), оформен 1949 година и ФК Младост (Кукуречани), оформен 1957 година. ФК Светлост во средината на 1990-тите години има играно во Втората македонска фудбалска лига.
Селото во 50-тите и 60-тите години е зафатен од бран иселувања. Кукуречанци го напуштија селото кон Америка, Австралија, Германија, Австрија и Шведска.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.