Критериум ди Дофине 2014
From Wikipedia, the free encyclopedia
Критериум ди Дофине 2014 — 66. издание на велосипедската етапна трка Критериум ди Дофине, која била организирана од Amaury Sport Organisation. Трката била составена од осум етапи, започнувајќи на 8 јуни во Лион, а завршувајќи во Куршевел. Дофине е сметана како голема подготовка за претстојниот Тур де Франс и голем број на фаворити за титулата на Тур настапиле на Дофине.[1] Претставувала шеснаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2014, трка 16 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 8–15 јуни 2014 | ||
Етапи | 8 | ||
Растојание | 1176 км | ||
Време | 31ч 08' 08" (23,70 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Гармин-Шарп) |
Втор | ![]() |
(Тинкоф-Саксо) | |
Трет | ![]() |
(Лото-Белисол) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(Тим Скај) |
![]() |
Планински | ![]() |
(Канондејл) |
![]() |
Младински | ![]() |
(Белкин Про Сајклинг) |
Екипен | Астана | ||
← 2013 2015 → |
Трката била освоена од Американецот Ендру Талански Гармин-Шарп, кој до победата стигнал на последната етапа на изненадување на многумина, пред фаворитот Алберто Контадор од Тинкоф-Саксо, кој заостанувал 27 секунди зад победникот. Како третопласиран бил Јурген ван ден Брук од Лото-Белисол, кој доцнел дополнителни осум зад Контадор и 35 секунди зад Талански.[2]