From Wikipedia, the free encyclopedia
Кристалите се супстанции во тврда агрегатна состојба со правилна внатрешна градба. Кристалите се ограничени со рамни и мазни површини кои се сечат под различни агли. Ограничувачките површини имаат најразлични геометриски форми (квадрат, правоаголник, ромб, ромбоид, многуаголник и друго).
Основната структурна честичка на кристалот е кристалната решетка. Со детални рендгенографски и други испитувања на кристалите е утврдено дека структурните честички им се правилно подредени. Правилно распоредените места во кристалот околу кои осцилираат атомите, молекулите или јоните се јазли на кристалната решетка. Ако се поврзат со прави линии сите јазли, ќе се добие формата на идеалната кристална решетка.
Просторната кристална решетка на секој кристал е составена од кристални клетки. Елементарна кристална клетка е најмалиот дел од кристалната решетка (група соседни честички) со чие транслаторно поместување, паралелно на нејзините рабови, а во сите насоки, може да се добие целата просторна кристална решетка на идеален кристал. За време на кристализацијата (време на создавање на кристалот), елементарните клетки на извесен начин спонтано правилно се подредуваат една до друга, а со тоа кристалот расте. Кога ќе се натрупаат доволно голем број вакви клетки ќе се добие видливо парче кристал.
Кај реалните кристали надворешната форма е дефинирана со формата на елементарната кристална клетка и со условите при кои течела кристализацијата. Реалните кристали се најчесто деформирани, односно со дефекти во однос на идеалната геометриска форма што би требало да ја имаат.
Воопшто, елементарната кристална клетка на секој кристал е дефинирана со најмалите можни вредности на нејзините рабови (a, b и c) и со определени вредности на аглите меѓу нив.
Кај кристалите има елементи на симетрија, од кои најзастапени се следниве:
Според геометриската форма на кристалната клетка, сите кристали се распоредени во седум кристалографски системи: коцкест, ромбоедарски, томпски, триаголен, моноклински, триклински и шестаголен.
Во зависност од природата на силите меѓу структурните елементи во кристалната решетка, има:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.