Константна функција
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во математиката, константна (постојана) функција е функција чија (излезна) вредност е иста за секоја влезна вредност, т.е. функцијата враќа една иста вредност.[1][2][3] На пример, функцијата или е константна функција бидејќи вредноста на е 4 независно колку е вредноста на (види слика).
Константна функција | |
y(x)=c, c∈ℝ
| |
Основни особини | |
Домен | (−∞,∞) |
Кодомен | {c} |
Паритет | парен |
Одредени вредности | |
Фиксна точка | c |
Други особини | |
Максимум | c |
Минимум | c |
Извод | (c)′=0 |
Како реална функција од една реална променлива, константна функција ја има општа форма или само .
Графикот на константна функција е хоризонтална права во рамнината која минува низ точката .[4] Доменот, т.е. множеството на допуштените вредности на константна функција е ℝ (сите реални броеви). Иако не фигурира независно променливата х од десна страна, се смета дека се врши „празна замена“ на х со што се добива едната иста вредност, т.е. вредноста с. Сликата или кодоменот, т.е. множеството на излезните вредности е множеството со еден елемент {c}.
Во контекст на полиномни функции со една независно променливата х, не-нулта константна функција е полином од степен 0, . Оваа функција нема пресек со x-оската, односно функцијата нема нула (корен). Од друга страна, е идентично нулта функција, и е (тривијална) константна функција каде што секоја x е корен. Графикот на оваа функција е самата х-оска (во рамнината).[5]
Константна функција е парна функција, т.е. графикот на константна функција е симетрична во однос на y-оската.
Во контекст каде што е дефиниран, извод на една функција ја мери брзината на промена на зависно променливата во однос на независно променливата. Бидејќи кај константна функција не се менува, нејзиниот извод е нула во секоја точка x, односно .[6]
Обратното важи. Имено, ако изводот у'(x)=0 е идентично нултата функција, следува дека у(x) е константна функција.[7] Во доказот се користи теорема за средна вредност.
Функција f : A → B е константна функција ако f(X) = f(Y) за секој X и Y во A.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.