From Wikipedia, the free encyclopedia
Постојат повеќе дефиниции за линеарна функција во светот.
Во Р Македонија најчесто се користат првите дефиниции, односно линеарна функција е функција чиј графикон е права (или коса права).
Забелешка: Честопати наизменично се користат термините линеарна равенка и линеарна функција, но тие не се исти термини. Линеарна функција е линеарна равенка, но обратното не важи. (При линеарна равенка, зборот линеарна се однесува на степенот на полиномот кој може да има 1,2,3,... променливи така да линеарна равенка во една променлива е точка на бројната оска, линеарна равенка во две променливи е права во рамнина, линеарна равенка во три променливи е рамнина во простор.) Види линеарна равенка.
Коефициентите a и b се константи, односно при работа се заменуваат со конкретни реални броеви, а остануваат x и y како променливи. На пример: у(x) = -x+2 е линеарна функција со a=-1 и b=2. Множеството на допуштени вредности на секоја линеарна функција е R, т.е. сите реални броеви. Значи, било кој реален број може да „влезе“ во линеарна функција, односно да биде замената за х во функцијата. Сликата, т.е. множеството на сите излезни вредности исто така е R, т.е. сите реални броеви.
Формално, функција, f:R→R дефинирана со f(x) = ax+b каде што a,b∈R е линеарна функција. Линеарна функција е 1-1 бијективна функција.
Правата која е графиконот на линеарна функција е множеството на сите точки: (x,y(x)). Поради тоа што две точки определуваат една права, при графичко претставување на линеарна функција, доволно е да се заменува две различни вредности за x во линеарната функција, да се пресметаат двете вредности на y, соодветните точки (x1,y(x1)) и (x2,y(x2)) да се внесат во рамнината и права да се црта низ нив.[6]
Линеарна функција има точно еден пресек со у-оската во точката (0,b) и (доколку е коса права, a≠0) точно еден пресек со х-оската во точката (-b⁄a,0). Вредноста x=-b⁄a е единствениот корен на функцијата y=ax+b, т.е е единственото решение на равенката ax+b=0.
Има три облици на линеарна функција: стандарден облик, експлицитен облик и вектор - параметарски облик
Примена на линеарна функција - Пример: Брзина v како функција на време t на предмет истрелан директно нагоре со почетна брзина v0 се опишува со линеарната функција: v(t)= -9,81t+v0 [m/s], каде што -9,81 [m/s2] e гравитациска константа. Тука времето t ја игра улогата на независно променливата х, а брзината v е зависно променливата y.
(додатен услов за коса права: ).
Овој облик се користи најповеќе во геометрија и во системи на две линеарни равенки во две непознати. Стандарден облик има 2 променливи x и у и 3 константни, т.е. коефициенти A, B, и C кои однапред се заменуваат со реални броеви. На пример: 3x-2y=1. Константите A, B, и C не се еднозначно определени. Ако се множат со фактор k, коефициентите се менуваат, но правата останува истата. На пример: правите 3x-2y=1 и 6x-4y=2 ја претставуваат истата права. Тука факторот k=2.
или (додатен услов за коса права: ).
Експлицитен облик има 2 променливи x и у и 2 константни, т.е. коефициенти а и b кои унапред се заменуваат со реални броеви. На пример: y(х)=-2х+4. Константите a и b се уникатни (еднозначно определени), т.е. ако било кој од a или b се менува, правата се менува. Ова значи дека секоја линеарна функција може да се пиши на единствен начин во експлицитен облик.
Константниот коефициент b е т.н. у-пресек, односно точката (0,b) е точката каде што правата врви низ у-оската. Бројот -b⁄а е т.н. корен на функцијата, односно точката (-b⁄а,0) е точката каде што правата врви низ х-оската.
Коефициентот а е т.н. наклон или коефициент на правец или градиент или косина на правата и ја опишува брзината на промена на функцијата у во однос на променливата х.
Пример: y(x)=-2x+4. Тука a=-2 и b=4. Имаме (0,b)=(0,4) е пресекот на правата со у-оската, (-b⁄а,0)=(-4⁄-2,0)=(2,0) e пресекот на правата со х-оската и а = -2 е наклонот на правата, односно за секој чекор х=1 надесно, у се менува за -2 односно слегува надолу.
Во математичката дисциплина диференцијално сметање (калкулус) е дефиниран поимот извод, а извод на една функција ја мери брзината на промена на една променлива во однос на друга во секоја точка. Кај линеарна функција брзината на промената на у во односно на х е константна, т.е. иста во сите точки, односно е а за сите (реални) вредности х, и пишуваме изводот на у(x)=ax+b постои секаде и е константната функција у'(x)=a.
Параметарски: или
Векторски: или (додатен услов за коса права: ).[8][9]
Вектор-параметарски облик (или само параметарски облик) има 1 параметар t, 2 променливи x и у, и 4 константни, т.е. коефициенти а1, а2, x1, и y1. Константите а1, а2, x1, и y1 не се уникатни (еднозначно определени). Правата врви низ точките А=(x1,y1) и B=(x1+a1,y1+a2) така да земајќи други две точки на истата права ќе резултира во различни константни за истата права. Со вектор-параметарски облик едноставно се дефинира отсечката ограничувајќи го параметарот t∈[0,1]. На ваков начин се моделира патувањето по права линија од една точка до друга во времето. Исто така едноставно овој облик се проширува за права во простор. Обичајно е инженери да ја користат буквата t за параметарот; математичари да ја користат буквата λ.
Пример: X=(-1,1)+t(2,3). Тука: a1=2, a2=3, x1=-1 и y1=1. Правата врви низ точката (x1,y1)=(-1,1) и точката (x1+a1,y1+a2)=(1,4). Соодветниот параметарски облик на оваа права е: x(t)=-1+2t, y(t)=1+3t. Експлицитен облик на оваа права е: y(x)=1,5x+2,5 (решејќи ја првата равенка по t и заменувајќи го резултатот во втората равенка). Една форма на стандарден облик за оваа права е: -3x+2y=5.
За формулите за равенка на права види права.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.