Комедијата е вториот основен вид драма, во кој судирот, дејствието и личностите се прикажани во смешна форма. Називот потекнува од грчкиот јазик и значи весела песна. Во комедијата се прикажува смешното во животот, а смешните појави обично се случуваат поради несообразноста меѓу тоа што е нормално, вообичаено и логично и отстапувањето од тоа. Смешни, според Аристотел, се некоја грешка, некое безобразие, кои кај никого не предизвикуваат страдања и за никого не се погубни. Личностите во комедиите сакаат да се прикажат во поинаква светлина, спротивна од вообичаеното однесување, дејствување и зборување. Тие како да се надвор од реалноста, им недостасува разумен начин на живеење. Комичните личности не се одбивни, тие се смешни. Токму поради оваа своја особина тие придонесуваат драмското дејствие да разведрува, наспроти фактот што писателот во комедијата честопати преку хуморот сака нешто да исмее.

Кратки факти Книжевност, Основни облици ...
Книжевност
Основни облици

Роман · Поема · Драма
Расказ · Новела

Родови

Епика · Лирика · Драма
Романса · Сатира
Трагедија · Комедија
Трагикомедија

Извори

Изведба (претстава) · Книга

Форми

Проза · Стих

Историја и списоци

Општ преглед на книжевноста
Индекс на поими
Историја · Современа историја
Книги · Писатели
Книжевни награди · Награди за поезија

Дискусија

Критика · Теорија · Списанија

Затвори
Thumb
Рован Антиксон како Мистер Бин

Видови Комедии

Според тоа на кого, или на што, се однесува смешното во комедиите, тие се делат на неколку видови: комедија на карактери, комедија на нарави, комедија на интрига и комедија дел арте.

  • Комедија на карактери - Комедија на карактери е комедија во која смешното се однесува на карактерот на главниот лик во комедијата. Најчести негативни особини што се извор на смешното се: скржавост, лекоумност, саможивост, глупост, вообразеност, подлост, лицимерство, завидливост, мрзливост, љубоморност и друго. Кога некоја од овие негативни особини ќе стане доминантен белег во карактерот на главниот лик, тогаш таа станува типичен носител на таа особина. Така, постојат комични типови на скржавци, лицемери, мрзливци и други. Најпознати комедиографи на овој вид комедии се: Тит Макциј Плавт, Вилијам Шекспир, Молиер и други.
  • Комедија на нарави - Комедија на нарави е комедија во која смешното се однесува на наравите и обичаите на одредени општествени групи и професии. За разлика од комедијата на карактери, која се занимава со исмејување на негативните особини во карактерот на поединец, комедијата на нарави се занимава со исмејување на негативните особини во карактерот на човекот како општествена единка. Комедијата на нарави има заеднички особини и со комедијата на карактери и со комедијата на интрига. Творец на комедијата на нарави е грчкиот антички комедиограф Аристофан. Шекспир (во 16 век) и Ж.Б. Молиер (во 17 век), исто така, пишувале комедии на нарави. Најпозната комедија на нарави од 19 век е комедијата „Ревизор“ на рускоит писател Н.В. Гогољ.
  • Комедија на интрига - Комедија на интрига е комедија кога смешното во неа произлегува од повеќе ситуации, во кои се вплетени повеќе личности, на кои им се случуваат неочекувани пресврти и недоразбирања. Познати комедии на интрига се: „Интрига и љубов“ на германскиот писател Ф. Шилер и „Севилскиот берберин“ на францускоит комедиограф Бомарше и други.
  • Комедија дел арте - Комедијата дел арте, односно комедијата со маски, всушност, е комедија спектакл, или уметничка импровизација на кратко сценарио со клиширана содржина. Комедијата дел арте не го содржи целиот текст, туку само интригата - недоразбирањето прикажано во сценариото. Ликовите во овие комедии се: слуга и господар, слугата секогаш навидум е недоветен, препреден и снаодлив, а трговецот - скржав. Други ликови кои се појавуваат во овие комедии се: слугинка, куртизана, војник фалбаџија, недоучен учител и други. Основната интрига најчесто претставува судирот меѓу млaди и стари; сиромашни и богати; бистри и глупави и друго. Главни носители на драмското дејствие биле слугите и слугинките. Комедијата дел арте се родила во време на ренесансата, како израз на веселиот и богат ренесансен живот. Таа траела до 17 век, а потоа е заменета со реалистичката драма.

За комедијата

Во романотДон Кихот“, Сервантес вели дека е добра за општеството, зашто таа е огледало на постапките од човековиот живот и од нема подобро средство за прикажување на тоа какви сме и какви треба да бидеме.[1]

Поврзано

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.