Историја на Боливија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Територијата на денешна Боливија била населувана уште пред 5.000 години. Во околу 200 п.н.е., цивилизацијата Тиванаку опстојувала околу езерото Титикака.[1] Таа исчезнала во околу 1200 година. Нејзини современици се Моксосите, кои пак исчезнале по шпанското освојување на Латинска Америка.
Дел од темата Боливија |
До 1809 |
Портал:Боливија |
Шпанското освојување започнало во 1524 година и скоро завржило во 1553. Територијата денес позната како Боливија тогаш била позната како „Горно Перу“ и била под власт на Вицекалот од Лима. До доцниот 16 век боливиското сребро бил главен ресурс за Шпанската империја. Месното население служело единствено како работна снага. Со ослабнувањето на силата на шпанскиот крал, започнале противења против шпанската власт од страна на месното население.
Борбите за независност на Боливија започнале во 1809 година, и по 16-на војна републиката прогласила независност на 6 август 1825 со ново име, Боливија, по револуционерот Симон Боливар.[2]
Во 1836 година, Боливија, под раководство на маршалот Андрес де Санта Крус, го нападнала Перу. Перу и Боливија ја формирале Конфедерацијата Перу и Боливија на чело со Санта Крус. Потоа следеле тензии меѓу Конфедерацијата и Чиле, и Чиле објавил војна на 28 декември 1836. Сојузникот на Чиле, Аргентина, објавила војна на Конфедерацијата на 9 мај 1837. Конфедерациските сили оствариле неколку победи.
По битката во Паукарпата, се потпишал Паукарпатскиот Договор со неусловно предавање на чилеанските и перуанските бунтовници. Со договорот се предвидело Чиле да се повлече од териториите на Конфедерацијата, да ги ослободи заробените бродови и да се подобри економската соработка. Јавноста во Чиле се противела на ова и Чиле морал да го одбие договорот. Потоа следел повторен напад врз Конфедерацијата и ја поразила за време на Битката во Јунгај. По поразот, Санта Крус пребегнал во Еквадор и Конфедерацијата се распаднала.
По распаѓањето на Конфедерација, Перу и неговиот претседател Агустин Гамара ја нападнал Боливија. Перуанската армија била поразена за време на Битката во Ингави на 20 ноември 1841, каде Гамара бил убиен. Боливиската армија, под раководство на Хосе Баливијан организирал напад за да го преземе пристаништето Арика. Подоцна, двете страни потпишале договор за прекинување на војната.