датум From Wikipedia, the free encyclopedia
20 ноември — 324-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (325-и во престапна година). Остануваат 41 денови до крајот на годината.
<< | ноември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
2024 |
Настани:
1959 | Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот. |
1959 | Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхолм потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА). |
1970 | Излезе првиот број на „Екран“, како седмичен колор прилог на весникот „Нова Македонија“ за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март, 1975 година излегува одделно од „Нова Македонија“ како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада. |
1991 | Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17.11.1991 година. |
1993 | Авион од типот „Јаковлев 42“ на македонската авиокомпанија „Авиоимпекс“ се сруши во близина на охридскиот аеродром. Во несреќата го загубија животот 115 лица . |
1995 | Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната хелсиншка федерација. |
2001 | Во Тетово е официјално отворен Универзитетот на Југоисточна Европа. |
Родени:
270 | Максимин Даја — римски цар. |
1851 | Маргарита Савојска — кралица на Италија. |
1761 | Пиј VIII — римски папа. |
1902 | Назим Хикмет — турски поет. |
1902 | Џанпјеро Комби — италијански фудбалер. |
1906 | Живко Фирфов — македонски етномузиколог, педагог — диригент и музички деец. |
1916 | Васил Куноски — македонски поет за деца. |
1924 | Беноа Манделброт — француско-американски математичар, познат изучувач на фракталите († 2010) |
1925 | Маја Плисецкаја — руска и советска балерина. |
1925 | Роберт Кенеди — американски политичар. |
1938 | Тома Здравковиќ — српски фолк-пејач. |
1939 | Игор Мандиќ — хрватски писател, есеист и критичар. |
1945 | Патријарх Кирил — патријарх на Руската православна црква. |
1946 | Дјуан Алман - американски рок-гитарист. |
1953 | Халид Бешлиќ — босански фолк-пејач. |
1976 | Горан Станковски — македонски фудбалер. |
1979 | Бојана Поповиќ — црногорска ракометарка. |
1979 | Арпад Штербик — српски и шпански ракометар. |
1989 | Дмитри Житников — руски ракометар. |
1990 | Лука Степанчиќ —хрватски ракометар. |
1996 | Денис Закарија — швајцарски фудбалер. |
1998 | Никола Чумиќ — српски фудбалер. |
Починале:
1316 | Јован II — крал на Франција. |
1865 | Франческо Маноел да Силва — познат бразилски композитор. |
1894 | Антон Григорјевич Рубинштајн — руски клавирски виртуоз и композитор — основач на конзерваториумот во Петроград. |
1910 | Лав Николаевич Толстој — руски писател и општествен реформатор. |
1925 | Александра Данска — кралица на Обединетото Кралство. |
1944 | Јован М. Алексоски — македонски партизан. |
1947 | Волфганг Борхерт — германски поет. |
1975 | Франсиско Франко — шпански диктатор. |
1978 | Џорџо де Кирико — италијански сликар. |
2000 | Вјачеслав Котјоночкин — руски режисер и аниматор. |
2006 | Роберт Алтман — американски филмски режисер. |
2021 | Мерима Његомир — српска фолк-пејачка. |
Празници:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.