датум From Wikipedia, the free encyclopedia
27 ноември — 331-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (332-и во престапна година). Остануваат 34 денови до крајот на годината.
<< | ноември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
2024 |
Настани:
1095 | На црковниот Собор во Клермон во Франција, папата Урбан II ги повикlа соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против „неверниците“, Селџуци, кои ја зазеле „светата земја“ Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа ја поттикна Првата крстоносна војна што започна во следната година. |
1895 | Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. „Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум. |
1919 | По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија и на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС. |
1926 | Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија. |
1942 | Втора светска војна: Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите. |
1946 | Солунскиот партиски весник „Лаки Фони“ објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови. |
1982 | водачите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната „економска, воена и јадрена соработка со Јужноафриканската Република“. |
1997 | Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија. |
Родени:
1701 | Андерс Целзиус — шведски физичар и астроном. |
1901 | Емануел Чучков — македонски политичар. |
1921 | Александар Дубчек — водач на Прашката пролет. |
1931 | Радмила Пашиќ — македонски археолог. |
1940 | Брус Ли — глумец и борач од Хонгконг. |
1951 | Дражен Далипагиќ — босански и југословенски кошаркар. |
1959 | Звонко Варга — српски и југословенски фудбалер. |
1960 | Јулија Тимошенко — украинска политичарка. |
1960 | Владо Јаневски — македонски поп-пејач и композитор. |
1961 | Авдија Пепиќ — македонски економист и политичар. |
1963 | Владимир Машков — руски глумец. |
1964 | Роберто Манчини — италијански фудбалер и тренер. |
1966 | Горан Стевановиќ — српски фудбалер и тренер. |
1978 | Иван Гутиерез — шпански велосипедист. |
1979 | Александар Васоски — македонски фудбалер. |
1982 | Александар Кержаков — руски фудблер. |
1987 | Лујџи Датоме — италијански кошаркар. |
Починале:
8 п.н.е. | Хорациј — римски поет. |
1570 | Јакопо Сансовино — италијански вајар и архитект. |
1953 | Јуџин О'Нил — американски писател, добитник на Нобеловата награда. |
1955 | Артур Хонегер — француски композитор. |
1992 | Иван Генералиќ — хрватски сликар. |
2013 | Нилтон Сантос — бразилски фудбалер. |
2014 | Станислав Микулски — полски глумец. |
2018 | Горан Стефановски — македонски писател. |
2020 | Шпиро Губерина — хрватски глумец. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.