Тиванаку
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тиванаку (Tiwanaku) или Тијауанако (Tiahuanaco)[1] е важен претколумбовски археолошко наоѓалиште во западниот дел на Боливија во Јужна Америка. Андските истражувачи и археолози го опишуваат како претходник на Тавантинсују. Тиванаку се наоѓа во близина на југоисточниот брег на езерото Титикака на околу 72 километри оддалеченост од Ла Пас. Градот во европската историографија бил за првпат забележан од страна на шпанските освојувачи и во хрониките на Педро Сиеза де Леон. Леон стапнал во Туванаку во 1549 година кога бил на истражувачка мисија за пронаоѓање на градот Коласују.[2] Некои научници и истражувачи ја предложиле хипотезата дека името на наоѓалиштето потекнува од ајмарскиот збор taypiqala, што значи „камен во центарот“, алудирајќи на верувањето дека градот се наоѓа во центарот на светот.[3] Сепак, оригиналното име на наоѓалиштето не е познато бидејќи народот кој живеел во него немал пишан јазик.[4][5]
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | културен: iii, iv |
Навод | 567 |
Запис | 2000 (24-та заседание) |