![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/24/Welterbe.svg/langmk-640px-Welterbe.svg.png&w=640&q=50)
Одбор на светското наследство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Одбор на светското наследство — орган кој утврдува места кои ќе бидат запишани на списокот како светско наследство на УНЕСКО. Одговорен е за спроведување на конвенцијата за светско наследство, го дефинира користењето на фондот за светското наследство и доделува финансиска помош на барања од земјите-членки. Составен е од 21 земја-членка[1], кои се избрани од Генералното собрание на земјите-членки со четиригодишен мандат.[2]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/24/Welterbe.svg/150px-Welterbe.svg.png)
Според конвенцијата на светското наследство, мандатот на членовите на одборот е шест години, меѓутоа многу земји-членки сами одбираат да бидат членови во одборот само четири години, со цел да дадат можност на други држави да земат учество во одборот.[2] На пример, сите членки избрани на 15-то Генерално собрание (2005) одлучиле да го намалат својот мандат од шест на четири години.[2]