Индија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Индија, служб. Република Индија или Бахарат (хинди: भारत गणराज्य Bhārat Gaṇarājya) — држава во Јужна Азија и го зафаќа поголемиот дел од индискиот потконтинент, опфаќајќи многу значајни и историски трговски патишта. Со крајбрежје од преку 7,000 километри, Индија дели граници со Пакистан, Народна Република Кина, Мјанмар, Бангладеш, Непал, Бутан, и Авганистан. Шри Ланка, Малдивите и Индонезија се одделни островски нации. Индија е прва земја по број на жители во светот со 1,428,929,000 жители и седма по географска големина со 3,287,590 км2. Главен град е Њу Делхи.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Република Индија (Бахарат) भारत गणराज्य* Bhārat Gaṇarājya |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Сатјамева џајате“ (санскрит) सत्यमेव जयते (деванагари) „Само вистината победува“[1] |
||||||
Химна: Jana Gana Mana Ти си господар на свеста на сите луѓе[2] |
||||||
Национална песна[3] Vande Mataram Клекнувам пред тебе, мајко[4] |
||||||
Главен град | Њу Делхи | |||||
Најголем град | Мумбај | |||||
Службен јазик | хинди, гуџаратски и англиски
|
|||||
Службени планирани јазици: |
||||||
Демоним | Индијци
(Индиец/Индијка) |
|||||
Уредување | Федерална република Парламентарна демократија[8] |
|||||
• | Претседател | Друпади Мурму | ||||
• | Премиер | Нарендра Моди | ||||
• | Врховен судија | Данањаја Ј.Чандрачуд | ||||
• | Потпретседател | Џегдип Данхар | ||||
Независна | од Британскиот колонијализам | |||||
• | Декларирана | 15 август 1947 | ||||
• | Република | 26 јануари 1950 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 3,287,590‡ км2 (7-ма) | ||||
• | Вода (%) | 9,56 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | ▲1.428.929.000[9] (1ва) | ||||
• | Густина | 349 жит/км2 (33та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $16.224 Трилиони | ||||
• | По жител | ▲ $10,987 | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $3.905 Трилиони | ||||
• | По жител | ▲ $3,818 | ||||
Џиниев коеф. (2019) | 35.7[10] среден |
|||||
ИЧР (2024) | ▲ 0.652[11] среден |
|||||
Валута | Индиска рупија (₨) (INR ) |
|||||
Часовен појас | IST (UTC+5:30) | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC+5:30) | ||||
НДД | .in | |||||
Повик. бр. | 91 | |||||
Ненаброени фусноти:
|
Дом на прастарата Цивилизација на Индиската Долина и област на историските трговски патишта и пространи империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја. Четири од главните религии во светот: хиндуизмот, будизмот, џаинизам и сикизмот, потекнуваат од тука, додека зороастризмoт, јудаизмот, христијанството и исламот, пристигнуваат во првиот милениум пред нашата ера и го оформуваат регионот на разновидни култури. Постепено, припиена од страна на Британската источноиндиска компанија од почетокот на 18 век и колонизирана од страна на Велика Британија од средината на 19 век, Индија станува независна држава во 1947 година, по борбата за независност која била одбележана како ненасилен отпор предводен од Махатма Ганди.
Индија е федерална уставна република со парламентарна демократија што се состои од 28 држави и унија на седум територии. Составена од плуралистичко,повеќејазично и мултиетничко општество, Индија исто така е дом на разновиден жив свет во најразлични заштитени животни средини. Индиската економија е единаесетта по големина светска економија според номиналниот БДП и четврта по големина од паритетот на куповната моќ. Од воведувањето на пазарна економија и економските реформи во 1991 година, Индија станува една од брзорастечките економии во светот, сепак, земјата продолжува да се соочува со сиромаштијата, неписменоста, корупцијата и предизвиците поврзани со јавното здравство. Индија е класифицирана како една од ново индустријализираните земји и таа е едена од четирите БРИК нации. Таа е шеста во светот де факто држава со јадрено оружје и е трета по големина вооружена сила во светот, а нејзините воени трошоци се рангирани на десеттото место во светот. Индија е регионална сила во Јужна Азија.
Таа е една од основачите на Обединетите нации, на Движењето на неврзаните земји, на Светската трговска организација, на Јужноазискотоздружение за регионална соработка, на Самитот на Источна Азија, на Г-20 и на Г8 +5; членка на Комонвелтот на нациите; и држава набљудувач во Шангајската организација за соработка.