Асамски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Асамскиот (অসমীয়া, Ôxômiya) е индоевропски јазик, дел од групата на источни индоариски јазици од поголемата група на индоирански јазици. Јазикот воглавно се зборува во сојузната држава Асам во Индија, каде е и службен јазик. Јазикот го зборуваат околу 13 милиони луѓе како мајчин јазик.[3] Исто така, јазикот се зборува во делови во Аруначал Прадеш, а асамски говорници може да се пронајдат и во Бутан и Бангладеш.
Кратки факти Асамски јазик, Застапен во ...
Асамски јазик | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
অসমীয়া Ôxômiya | ||||||
![]() | ||||||
Застапен во | Индија, Бутан и Бангладеш | |||||
Подрачје | Асам, Аруначал Прадеш, Нагаланд, Западен Бенгал, и др.[1] | |||||
Говорници | 15 милиони (2007)[2] | |||||
Јазично семејство | индоевропско
| |||||
Дијалекти | камрупски дијалект, гоалпаријски дијалект
| |||||
Писмо | асамско писмо | |||||
Статус | ||||||
Службен во | ![]() | |||||
Регулативен орган | Асамско книжевно друштво | |||||
Јазични кодови | ||||||
ISO 639-1 | as | |||||
ISO 639-2 | asm | |||||
ISO 639-3 | asm | |||||
Linguasphere | 59-AAF-w | |||||
| ||||||
|
Затвори
Асамскиот јазик се развил во 1000 или 1200 година од магадскиот пракрит — група говори сродни на санскритот.[4] Сестрински јазици на асамскиот се бенгалскиот, читагонскиот, силетскиот, орија и бихарските јазици. Јазикот се пишува со асамско писмо.