Бутан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралство Бутан (ѕонгка: ) или само Бутан — земја во Јужна Азија, с естена на источниот крај на Хималаите. Државата на југ, исток и запад се граничи со Индија, а додека на север се граничи со НР Кина. Од Непал, државата е одделена со индиската држава Сиким, а од Бангладеш со сојузната држава Западен Бенгал. На бутански јазик или ѕонгка, државата се нарекува „Друк јул“ (འབྲུག་ཡུལ་) што во превод значи „Земјата на молњестиот змеј“[8].
- За земниот гас со истото име, видете Бутан (гас).
Кралство Бутан འབྲུག་རྒྱལ་ཁབ་ Друк ѓал кап |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Друк денден Кралство на змејот-громовник |
||||||
Главен град (и најголем) | Тимбу | |||||
Службен јазик | ѕонгка | |||||
Демоним | Bhutanese | |||||
Уредување | унитарна парламентарна уставна монархија | |||||
• | Крал | Џигме Кесар Намѓел Вангчук | ||||
• | Премиер | Церинг Тогбај | ||||
Законодавство | Парламент | |||||
• | Горен дом | Национален совет | ||||
• | Долен дом | Национално собрание | ||||
Основан | ||||||
• | Обединување на Бутан | XVV век | ||||
• | династија Вангчук | 17 декември 1907 | ||||
• | Индиско-бутански договор | 8 август 1949 | ||||
• | Членство во ООН | 21 септември 1971 | ||||
• | Проглас. уставна моанрхија | 18 јули 2008 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 38,394 км2 [1][2](133.) | ||||
• | Вода (%) | 1.1 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2016 г. | 797.765[3] (165.) | ||||
• | Попис 2005 | 634,982[4] | ||||
• | Густина | 19.3 жит/км2 (196.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупен | $7.045 billion[5] | ||||
• | По жител | 8.762 $[5] (115) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупно | 2,308 млј. $[5] | ||||
• | По жител | 2.870 $[5] (130) | ||||
Џиниев коеф. (2012) | 38.7[6] среден |
|||||
ИЧР (2015) | ▲ 0.607[7] среден · 13. |
|||||
Валута | нгултрум (BTN) и индиска рупија (INR) | |||||
Часовен појас | BTT (UTC+6) | |||||
• | (ЛСВ) | not observed (UTC+6) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .bt | |||||
Повик. бр. | +975 |
До скоро, Бутан важеше за една од најизолираните земји во светот, но денес државата е под забрзан развој и има интернет, мобилна, телевизиска и телефонска мрежа. Сепак, Бутан го избалансирал овој модерен развој со својата античка традиција и култура под директно водство на бруто националната среќа. Владата во Бутан презема доста мерки за зачувување на националната култура, традиција, идентитет и природа. Според „Business Week“ и Универзитетот во Лејкастер, Бутан е најсреќната држава во Азија и осма најсреќна држава во светот според истражувањата на универзитетот во 2006 година.[9].
Релјефот на Бутан е разновиден. Така, државата е составена од суптропски рамници на југот па сè до планински предели на север со високи врвови, од кои некои изнесуваат над 7000 метри надморска височина. Државната религија во Бутан е ваѓрајаната. Исто така најголем број од населението се будисти, додека втора најголема религија е хиндуизмот. Најголем град, а воедно и главен град, во Бутан е Тимбу (Тимпу). Вкупната површина на државата е 38.394 км2[10].
По долгогодишно владеење од страна на монархијата, Бутан ги одржал своите први демократски избори во март 2008 година. Покрај останатите меѓународни организации, Бутан е член на ООН и Јужноазиското здружение за регионална соработка.