Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Емоциите се психички процеси што го изразуваат човековиот однос кон предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот однос кон самиот себе и кон сопствените постапки и доживувања. Емоциите ја определуваат и насочуваат човековата активност. Постои разлика меѓу поимите емоција и чувство. Емоциите се јавуваат и кај луѓето и кај животните, а чувствата се емоции што се јавуваат само кај луѓето. Тие се резултат од човековиот социјален живот.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
При појава на секое чувство и емоција во човекот се одвиваат голем број карактеристични промени: физиолошки, физички и промени во движењето.
1. Физиолошките промени се јавуваат во две фази; првата се нарекува фаза на емотивен шок (кога при ненадејно силно чувство ќе се стаписаме или занемеме), а втората се нарекува фаза на специфични промени (разлики кај различните емоции што се јавуваат во однос на физиолошките промени).
2. Физичките промени при емоциите се: карактеристични движења на телото, карактеристичен израз на лицето и карактеристични промени во говорот.
3. Промени во доживувањата се редовна придружна појава на емоциите и чувствата.
За емоциите пишувал уште римскиот цар и филозоф Марко Аврелиј во делото „Размислувања“, напишано меѓу 171 и 173 година. Покрај него, и Зенон и Епикур се занимавала со анализа на емоциите кои ги нарекле афекти. Според Демокрит, „медицината ги лекува болестите на телото, а мудроста ја ослободува душата од емоциите“. Платон сметал дека треба да се ослободиме од човечката пречувствителност, а Аристотел сметал дека треба да ги самопроцениме емоциите. Имено, проценката на емоциите зависи од конкретната ситуација; на пример, некој може да ни се смее во знак на симпатија, додека друг во знак на иронија или сарказам. Бидејќи емоциите најчесто се јавуваат при допирот на нашите внатрешни интереси со надворешниот свет, античките филозофи советувале да ја контролираме токму таа реакција и да ги контролираме емоциите. Фридрих II, кралот на Сицилија, Ерусалим и Германија, покрај другото, е познат по суровиот експеримент кој го покажал значењето на емоциите за животот на човекот. Имено, тој најмил неколку доилки кои биле задолжени да се грижат за основните животни потреби на група бебиња (доење и хигиена), но им забранил да им зборуваат и да им покажат каква и да било емоција. Експериментот го надгледувал еден монах, кој ги запишувал однесувањето и развојот на доенчињата. Резултатот од експериментот биле застрашувачки, зашто сите бебиња умреле поради недостигот од топлина, љубов и говор.[1]
Постојат многу видови чувства и, за полесно разбирање, се прават обиди за нивно категоризирање според одредени критериуми.
Според овој критериум, чувствата можат да бидат примарни и секундарни. Примарни се оние чувства што се универзални за човековиот вид и што се биолошки важни за неговиот опстанок. Тоа се основните човекови вродени чувства (страв, тага, гнев, радост…). Секундарни се оние чувства што се создаваат по пат на учење. Тие претставуваат сложени комбинации од основните чувства и се нарекуваат сложени чувства (љубов, љубомора, пријателство…).
Стравот е секогаш непријатен и проследен со напнатост, грижа и вознемиреност. Изворот може да биде во надворешната средина и од внатрешната то ест во човекот. Гневот е најчесто предизвикан од ситуации во кои се јавува пречка при остварувањето на некоја намера. Радоста е секогаш пријатна емоција. Радоста се јавува кога човекот успева да ја реализира целта што многу и упорно ја посакувал. Тагата е непријатна емоција. Се јавува кога човек ќе изгуби некого или нешто што му било многу блиско, кое многу го ценел и кон кое многу се стремел.
Разликуваме две фази на емоците. Првата е фаза на шок, а втората е хронична фаза. Фазата на шок е акутна фаза, таа претставува некој вид психички удар, во неа не знаеме за каква емоција се работи, зашто во оваа фаза сите емоции се слични. Втората, хроничната фаза трае подолго време и дури во неа емоцијата го добива својот квалитет така што знаеме за каков вид на емоција се работи. Првата фаза или емоционалниот шок се манифестира во извесна обезглавеност, зачуденост. Интелектуална блокада. Некоја непријатна вест предизвикува емоционален шок. Во таква состојба интелектуалниот живот се сведува на минимум, некои поединци паѓаат во несвест, вниманието целосно е отсутно. Некои филозофи и писатели зборуваат за големите последици на емоционалниот шок. Така, Кант зборува за «слепило на афектот», Шекспир за «заматување на афектот» а некои за «кратко лудило». При сведочење во судот, тие лица не се секаваат речиси ништо од тоа што се случувало во состојбата на емоционалниот шок. Емоционалниот шок го придружуваат силни моторни појави. Тие се состојат во различни движења со мимики, со гестикулации, со викања. Тие се слични кај сите видови емоции, бидејќи сите движења во оваа фаза се неадаптибилни, во шокот нозете се сечат), не може да се разбере нивната смисла. Субјектот спаѓа на пониско ниво на однесување (во гневот се покажуваат заби). Во хроничната фаза, емоцијата го добива својот квалитет, и тука знеме за која емоција се работи — за бес, за жалост итн. Тука нема збрка ниту пак застој во мислите, ниту расфрлени моторни реакци, субјектите не паѓаат во несвест. Се враќа присебноста и со неа интелектуалните способности. Во периодот на преминот од емоционалниот шок кон хроничната фаза, во зависност од степенот на изразеност на емоцијата можеме да разликуваме кај секоја емоција, пасивен и активен вид.
Радост - пасивен вид — човекот покажува извесно блаженство, смиреност, неподвижен е, како да е «тепан со радоста», постои извесна интелектуална и моторна инерција. Активен вид — човекот е многу активен, многу подвижен, скока, вика, многу зборува, пее, многу брзо мисли итн.
Гнев - пасивен вид — човекот сам се јади, ги стега тупаниците (ама в џеб), интелектуалниот живот е сведен на неколку навредливи зборови. Активен вид — човекот врши разновидни физички движења кои имаат тенденција за нешто да урне, да скрши итн. На интелектуален план е активен, но пред сè псовката му е во устата.
Страв - пасивен вид —човекот е прикован, нозете му се отсечени, се тресе, го обвива ладна пот. Во духовен поглед, тој е инхибиран, мислите му се сопрени. Активен вид — човекот бега, ги совладува пречките, идеите доагаат брзо.
Сложените чувства се нарекуваат и социјални чувства. Најпознати чувства се моралните, интелектуалните и естетските. Морални чувства се оние што го изградуваат човековиот однос кон нормите и правилата на однесување што владеат во дадената општествена средина. Најважни морални чувства се: хуманизам, колективизам, патриотизам итн. Интелектуални чувства се оние што човекот ги развива во процесот на умствената дејност (заинтересираност, љубопитност, критичност, сомневање). Естетски чувства се оние што се јавуваат во активноста на човекот при доживувањето на нешто особено убаво.
Сопред тоа колку се интензивни и колку траат, чувствата можат да бидат: расположенија, афекти, страсти и сентименти.
Во делото „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски разликува два вида чувства: едните се претежно од материјална природа (допир, слух, вид, мирис), а другите се пооддалечени од телото (сеќавање, разум, волја). Исто така, некои чувства се поврзани со телесните уживања: глад, желба за спиење, гнев, суета, завист, сексуален нагон итн. Понатаму, некои чувства се наоѓаат во средината меѓу материјалното и духовното, како што се: љубовта кон татковината, нежноста кон децата и кон родителите, верноста кон пријателите итн.[2]
Од големиот број чувства што ги поседува човекот, едни се создаваат по пат на наследство и созревање, а други по пат на учење во текот на социјализација.
Човекот има можност да постигне емотивна зрелост кога неговите чувства нормално се развиваат во текот на неговиот живот. Одлики:
1. Соодветност на чувствата – тажниот настан предизвикува тага
2. Контрола на чувствата – зрелиот човек управува со чувствата
3. Богатство на чувствата – поседува многу чувства
За да го сочува своето ментално и физичко здравје, човекот треба да научи како да ги контролира чувствата.
Емоциите се јавуваат како тема во делата од уметноста и популарната култура.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.