Сашо Огненовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сашо Огненовски (1964, Битола) — македонски глумец, режисер и писател.
Животопис
Огненовски дипломирал на Факултетот за драмски уметност во Скопје, во 1987 година. Во 2002 година магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, на тема од областа на општењето и медиумите. Работел како стручен соработник и професор на Педагошкиот факултет во Битола, и како професор по сценски говор на Меѓународниот славјански институт.[1]
Творештво
Огненовски одиграл повеќе од 100 улоги на сцената на Народниот театар во Битола. Исто така, тој е автор на повеќе книги, како:[1]
- Лавина (1995)
- Обична бајка (поезија, 2002)
- Режисерската семантика на Владимир Милчин (2002)
- Монографија за Ацо Ѓорчев (2010)
- Волшебниот компас (поезија, 2011)
- Тага (драма, 2012)
- Плодовите на пеколот (2014)
- Пустински цвет (2015)
- Тврдина (драми, 2017)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.