Битолскиот народен театар е основан на 14 ноември1944 година, со изведбата на претставата „Ѓоре Магарески“. Првите членови и основачи на театарот биле: Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко.[1] Од 1980 година, театарот работи во нов објект.
Заклучно со ноември2013 година, БНТ имал 526 премиери, 11.899 претстави и повеќе од 5 милиони посетители.[2]
Во текот на своето постоење, Битолскиот народен театар ги има поставено следниве претстави:
„Божествена комедија“ (2015) (режија: Александар Исаков; улоги: Борис Чоревски, Душко Јовановиќ, Филип Мирчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Ева Сандра Грибовска, Александар Копања, Александар Стефановски)[4]
НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Викторија Степановска за улогата на Кети во претставата „Далај Лама“, на 43. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[6]
НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Огнен Дранговски , за улогата на Аљоша во претставата „Браќа Карамазови“ на 45. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп [9]
НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Андреј Хинг за драматизација на текстот во претставата „Браќа Карамазови“ на 45. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп [9]
НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Владо Ѓорески за рекламниот материјал од претставата „Браќа Карамазови“ на 45. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп [9]
НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Валентин Светозарев за претставата „Травничка Хроника“, на 48. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп [10]
НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Валентина Грамосли, за улогата на госпоѓа Елвстед во претставата „Хеда Габлер“, на 49. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[12]
НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Благој Мицески за костимите во претставата „Иванов“ на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[13]
НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Валентин Светозарев, за сценографијата на претставата „Иванов“, на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп [13]
НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Митко Апостоловски , за улогата на Шабељски во претставата „Иванов“ на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[13]
НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ГЛАВНА УЛОГА на Катерина Аневска, за улогата на Ана Боленин во претставата „Кралски игри“, на 51. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[14]
НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Валентин Светозарев, за сценографијата на претставата „Кралски игри“, на 51. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[14]
НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ЦЕЛИНА , за претставата „Кралски игри“, на 51. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[14]