Илко Стефановски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Илко Стефановски (Битола, 4 ноември 1952 — Битола, 6 декември 2011 ) — македонски театарски и филмски глумец, првенец на Народниот театар во Битола.[1]
Илко Стефановски | ||
![]() | ||
Роден | 4 ноември 1952
Битола, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Починал | 6 декември 2011 59) Битола, Македонија | (возр.|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | по улогите во: Пред дождот Трговецот од Солун Тетовирање Трето полувреме Сенки Македонска сага Погрешно време Салон Хармони Крчма на патот кон Европа Илинден | |
Занимање | глумец | |
Татко | Ацо Стефановски |
Филмографија
Година | Филм | Улога |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
1978 | Златни години ТВ-серија | |
1979 | Наши години ТВ-серија | |
1979 | Жена од малтер ТВ-филм | |
1981 | Томе од бензинската пумпа ТВ-филм | |
1981 | Булки крај шините ТВ-филм | |
1982 | Време на летала ТВ-филм | |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1982 | Слана во цутот на бадемите ТВ-филм | |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | |
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | Кајмакамот |
1987 | Трето доба ТВ-серија | |
1988 | Некоја чудна земја ТВ-филм | |
1988 | Марика лета со Авион ТВ-филм | |
1991 | Тетовирање ТВ-филм | |
1991 | Македонија може ТВ-филм | |
1992 | Заминување од Пасквелија ТВ-филм | Ране |
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-филм | Џинот Карузо |
1992 | Време, живот ТВ-филм | |
1993 | Македонска сага ТВ-филм | |
1993 | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | Бојан |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | |
1998 | Салон Хармони ТВ-серија | Менде |
1998 | Збогум на 20-тиот век ТВ-филм | |
1999 | Време, живот ТВ-филм | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Бошко |
2001 | Прашина ТВ-филм | |
2001 | Одмазда ТВ-филм | Стојко |
2005 | Крчма на патот кон Европа ТВ-филм | Ангел |
2007 | Превртено ТВ-филм | Вратар |
2007 | Сенки ТВ-филм | Доктор Карпузовски |
2008 | Абсурдистан ТВ-филм | Темелко |
2008 | Збогум Румелија ТВ-серија | Осман |
2010 | Мајки ТВ-филм | |
2012 | Трето полувреме ТВ-серија | Парталав работник |
Животопис
Стефановски е роден во Битола во 1952 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. Факултетот за драмски уметности, отсек глумци во класата на професорот Илија Џувалековски го завршил во 1976 година во Скопје. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата глумечка кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните глумечки појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор. Неговите маестрално остварени ролји во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајќи го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како глумец блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми и сл. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија - „Охридско лето“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена. Починал ненадејно на 6 декември 2011 година во Битола.[2]
Награди и признанија
Добитник е на престижната републичка награда „11 Октомври“ (2006 г.)[3].
Филмски остварувања
- Ране - „Заминување од Пасквелија“ (1992), ТВ филм
- Бојан - „Пред дождот“ (1994)
- Глобус - „Ангели на отпад“ (1995)
- Менде - „Салон Хармони“ (1998), ТВ серија
- Бошко („Бате Боле“) - „Погрешно време“ (1999-2001), ТВ серија
- Ангел - „Крчма на патот кон Европа“ (2005), ТВ филм
- Портир - „Превртено“ (2007)
- Д-р Карпузовски - „Сенки“ (2007)
- Гури, таткото на Темелко - „Апсурдистан“ (2008)
- Работник - „Трето полувреме“ (2012)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.