From Wikipedia, the free encyclopedia
Ел Салвадор или само Салвадор (шпански: El Salvador), службено Република Ел Салвадор (República de El Salvador) е независна држава во копнениот дел на Средна Америка. Ел Салвадор е најмалата држава во копнениот дел од овој регион, а воедно е и најгусто населена средноамериканска држава. Ел Салвадор се граничи со Хондурас на североисток, со Гватемала на северозапад, а на југ излегува на Тихиот Океан. Главен град на Ел Салвадор е градот Сан Салвадор, кој воедно е и најголем град во државата. Според податоците од 2016 година, Ел Салвадор имал население од околу 6.34 милиони жители.[9] Службен и најзборуван јазик во државата е шпанскиот.
Република Ел Салвадор República de El Salvador (шпански)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Dios, Unión, Libertad“ (шпански) македонски: „Господ, Единството, Слободата“ |
||||||
Химна: Himno Nacional de El Salvador (македонски: Државна химна на Ел Салвадор) |
||||||
Главен град (и најголем) | Сан Салвадор | |||||
Службен јазик | шпански | |||||
Народности |
|
|||||
Демоним | Салвадорци
(Салвадорец/Салвадорка) |
|||||
Уредување | Унитарна претседателска република | |||||
• | Претседател | Најиб Букеле | ||||
• | Потпретседател | Феликс Улоа | ||||
Законодавство | Законодавно собрание | |||||
Независност | ||||||
• | објавена од шпанска управа | 15 септември 1821 | ||||
• | објавена од ФРСА |
12 јуни 1824 | ||||
• | меѓународно признавање[2] | 18 февруари 1841 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 21,041 км2 (148-та) | ||||
• | Вода (%) | 1.5 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | ▲ 6,868,000 | ||||
• | Густина | 303.1 жит/км2 (47-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $79.2 милијарди | ||||
• | По жител | ▲ $14,178 | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $41.2 милијарди | ||||
• | По жител | ▲ $6,728 | ||||
Џиниев коеф. (2019) | 38.8[3] среден |
|||||
ИЧР (2024) | ▲ 0.707[4] висок |
|||||
Валута | ||||||
Часовен појас | ЦВЗ (UTC−6) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .sv | |||||
Повик. бр. | +503 | |||||
а. | Во употреба е американскиот долар. Финансиските информации може да се изразат во американски долари и салвадорски колон, но колонот не е во оптег.[8] |
Со векови територијата на Ел Салвадор била населена од американски староседелци, особено народите Пипилци, Ленканци и Маи. На почетокот на 16 век, Шпанската Империја веќе презела конкретни воени походи за освојување на, за нив, новооткриениот континент. Така, набрзо територијата на Ел Салвадор била анектирана од страна на Шпанската Империја и влегла во состав на Вицекралството Нова Шпанија со седиште во Мексико. Сепак, иако административно дел од вицекралството, сепак Мексико немал значаен удел или влијание во секојдневниот живот на луѓето од Средна Америка. Во 1609 година се реорганизирала административната поделва на Империјата и се основала Генералната капетанија Гватемала. Ел Салвадор бил дел од оваа капетанија сè до независноста од Шпанија во 1821 година. Сепак, Ел Салвадор не бил сосема независен од туѓо влијание бидејќи првично бил дел од Првата Мексиканска Империја, а со распадот на оваа Империја се создала Федералната Република на Средна Америка во 1823 во која Ел Салвадор бил рамноправен член. Федерацијата се распаднала во 1941 година и Ел Салвадор станал независна држава. Многу набрзо, Ел Салвадор, Хондурас и Никарагва направиле сојуз и нова политичка формација наречена Голема Република на Средна Америка. Оваа република траела од 1895 до 1898 година.[10][11][12] Од тогаш државата функционира како независна суверена република.
Од кон крајот на 19 век па до средината на 20 век, Ел Салвадор трпел хронична политичка и економска нестабилност, која била испреплеена со државни удари, револти и авторитарни управители. Постојаната социјална и економска нееднаквост во државата кулминирала со разорната Салвадорска граѓанска војна која траела од 1979 до 1992 година. Оваа граѓанска војна била воглавно помеѓу владата предводена од военото раковоство на Ел Салвадор и коалицијата на левоориентираните герилски групи. Конфликтот завршил со потпишувањето на мировниот договор од Чапултепек. Со овој договор се воспоставил повеќепартиски уставен систем.
Економијата на Ел Салвадор историски гледано била под доминација на земјоделството. За време на колонијалниот период најзначаен производ или култура која се одгледувала во државата било растението индигофера.[13][14] Покрај тоа растение, во државата (тогаш колонијата) се одгледувало и кафето, а тоа производство до средината на 20 век сочинувало околу 90% од вкупниот извоз на државата.[15][16] Во скоро време Ел Салвадор ја намалил зависноста од производството на кафе и државата презела мерки за зголемување на разновидноста на економијата преку отворање на трговски и финансиски врски и преку проширувањето на прозиводството.[17]
Ел Салвадор се рангира на 16 место помеѓу латиноамериканските држави во поглед на Индексот на човеков развој и четврта во Средна Америка, воглавно поради тековната нагла индустријализација.[18]
Освојувачот (Конкистадор) Педро де Алварадо ја именувал новата покраина на тогашната Шпанска Империја во чест на Исус Христос Спасителот (El Salvador значи „Спасителот). Целосното име на покраината на шпански јазик било „Provincia De Nuestro Señor Jesus Cristo, El Salvador Del Mundo“ или на македонски „Покраина на нашиот Господ Исус Христос, Спасителот на Светот“. Подоцна ова име било скратено само на „Ел Салвадор“[19]
Шпанците пристигнале во оваа област во 1524 година и го покориле кралството на Индијанците Куѕатлан и Пипил до 1539 година. Земјата била поделена на две облaсти: Сан Салвадор и Сонсонат кои биле присоединети кон Гватемала. Со крајот на шпанското владеење во 1821 година, Сан Салвадор станал дел од Мексиканската Империја. Со пропаѓање на оваа империја во 1823 г. Сонсонат и Сан Салвадор се здружиле и формирале нова држава Ел Салвадор во рамките на Обединетите Покраини на Средна Америка. Земјата се здобила со независност во 1841 година. Од нејзиното основање Ел Салвадор има долга историја на политичка нестабилност. Моќните економски интереси ја контролирале земјата во текот на XIX и почетокот и почетокот на XX век, но биле заменети со воена диктатура, која траела од 1931 до 1979 г. Новата влада била формирана по изборите кои се одржале во 1982 година, и иако новиот Устав бил усвоен во 1983 година граѓанската војна продолжила во текот на 80-тите години на XX век. Спогодбата од 1992 г. донела мир, но насилството станало голем проблем. И покрај обидите за економски реформи, земјата во XXI век влезе во голема инфлација и невработеност.
Ел Салвадор се наоѓа во средноамериканскиот теснец, на брегот на Тихиот Океан. Вкупната површина на државата е 21.041 километар квадратен. Во правец север-југ државата има максимална ширина од 142 километри, а во правец запад-исток 270 километри. Ел Салвадор е најмалата држава на копнениот дел од Средна Америка. Највисока точка во државата е Серо Ел Пита со 2.730 метри надморска височина, планински врв кој се наоѓа на границата со Хондурас. Главен град, а воедно и најголем град во државата е Сан Салвадор. Ел Салвадор се граничи со Гватемала и Хондурас и вкупната државна копнена граница е 546 километри. Интересен е податокот дека Ел Салвадор е единствената средноамериканска копнена држава која нема излез на Карипското Море. Вкупниот тихоокеански брег на Ел Салвадор изнесува 307 километри.
Ел Салвадор има долга историја на деструктивни земјотреси и вулкански ерупции. Главниот град Сан Салвадор бил уништен двапати, во 1756 и 1854 година, а значително оштетен во 1919, 1982 и 1986 година. На територијата на Ел Салвадор се наоѓаат над дваесет вулкани, од кои Сан Мигел и Изалко биле активно во скоро време. Од раниот 19 век па до средината на 1950-те многу често бил активен што пак резултирало со популарниот прекар „Светилник на Тихиот Океан“.
Низ Ел Салвадор течат над 300 реки, од кои најважна е Рио Лемпа. Реката извира во Гватемала и го сече северниот планински венец, потоа тече низ централните предели на државата кога го пресекува јужниот планински венец и се влева во Тихиот Океан. Оваа е единствена пловна река во Ел Салвадор. Останатите реки во Ел Салвадор се мали, и во однос на километража и во однос на вкупна водена маса.
Покрај реките, во Ел Салвадор има и неколку значајни езера, воглавно опколени од вулкански кратери. Најзначајни езера во државата се езерото Лјопанго (најголемо кратерско езеро) и езерото Коатепенге. Најголемо природно езеро во државата е езерото Гуиха со вкупна површина од 44 км2. Дополнително на тоа, Ел Салвадор има неколку вештачки езера на реката Лемпа, од кои се истакнува Серон Гранде со вкупна површина од 135 км2.
Во Ел Салвадор има два планински венца кои се одделени со централната салвадорска висорамнина. Брегот на Ел Салвадор е тесен. Планинските венци заземаат околу 855 од вкупната површина на Ел Салвадор.
Ел Салвадор има тропска клима со изразени влажни и сушни сезони. Температурите во државата може да варираат, но немаат некоја голема разлика од сезона во сезона. Тихоокеанските низини се топли, додека пак средишните предели на земјата имаат поблаги температури. Дождливата сезона во државата започнува од мај до октомври и овој период таму се нарекува „зима“.
Од туристичка гледна точка, најповолен период за посета на државата е за време на сушната сезона или „лето“. Понекогаш се појавуваат и урагани поради Тихиот Океан.
Ел Салвадор е поделен на 14 области (departamentos), кои се делат на 262 општини (municipios).
Областите со кратенки:
Бројот на населението на Ел Салвадор бил 6.344.722 во 2016,[9]. Во 1950 година, Ел Салвадор имал само 2,200,000 жители. Процентот на населението помладо од 15 години во 2010 изнесувал 32.1%, 61% биле на возраст од 15 и 65 години, а само 6.9% биле постари од 65 години.[20]
Главниот град на Ел Салвадор, Сан Салвадор, има население од 2.1 милиони луѓе. Се проценува дека околу 42% од населението на Ел Салвадор живее во руралните средини. Сепак, во скоро време се забележува забрзана урбанизација на населението.
Во Ел Салвадор живеат околу 100.000 Никарагвајци.[21]
Населението на Ел Салвадор е составено од местици, белци и староседелци. Околу 86 проценти од населението се местици, односно луѓе со мешано потекло од белци и староседелци.[22] Во салвадорски контект, местици се сметаат луѓе кои имаат европско, африканско потекло, кои не зборуваат на некој староседелски јазик или имаат староседелска култура.[23]
12.7% од Салвадорците се белци. Голем дел од ова бело население се доселеници од Средна Европа, по Втората светска војна, особено од државите Чехија, Германија, Унгарија, Полска и Швајцарија. Покрај нив, во Ел Салвадор дошле и Евреи, арапски христијани и Палестинци.
Само 0.23% од салвадорското население е чисто староседелско. Мал е бројот на староседелци кои целосно ги задржале културните обичаи и традиции поради претопувањето во доминатното местичко население.[24]
Службен јазик на територијата на Ел Салвадор е шпанскиот, кој воедно се зборува од скоро сите жители во државата. Некои староседелци зборуваат староседелски јазик како мајчин, но тој број е многу мал.[25] Локалниот дијалект на шпанскиот во Ел Салвадор разговорно се нарекува „каличе“. Салвадорците користат „voseo“, заедничка одлика со Аргентина, Костарика, Никарагва и Уругвај. .
Религија во Ел Салвадор | ||||
---|---|---|---|---|
религија | % | |||
Католици | 58 % | |||
Протестанти | 35 % | |||
нема | 6 % | |||
други | 2 % |
Мнозинството од населението на Ел Салвадор се Христијани. 58% од Христијаните се Католици, а 35% од Христијаните се Протестанти. Католичката црква е најголема христијанска деноминација во земјата.[26] Бројот на населението кое не припаѓа на ниту една верска определба изнесува 6%.[26] Остатокот од населението, околу 2%, се Јеховини Сведоци, Харе Кришна, Муслимани, Евреи, Будисти и следбеници на локални староседелски религии.[26]
Најголемите градови во Ел Салвадор се прикажани во подолната табела.
Бр. | Департмани | Нас. | Бр. | Департмани | Нас. | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Сан Салвадор Санта Ана |
1 | Сан Салвадор | Сан Салвадор | 540,989 | 11 | Колон | Ла Либертад | 96,989 | Сојапанго Сан Мигел |
2 | Санта Ана | Санта Ана | 245,421 | 12 | Тонакатепеке | Сан Салвадор | 90,896 | ||
3 | Сојапанго | Сан Салвадор | 241,403 | 13 | Опико | Ла Либертад | 74,280 | ||
4 | Сан Мигел | Сан Мигел | 218,410 | 14 | Чалчуапа | Санта Ана | 74,038 | ||
5 | Санта Текла | Ла Либертад | 164,171 | 15 | Усулутан | Усулутан | 73,064 | ||
6 | Мехиканос | Сан Салвадор | 140,751 | 16 | Сан Мартин | Сан Салвадор | 72,758 | ||
7 | Апопа | Сан Салвадор | 131,286 | 17 | Сонсонате | Сонсонате | 71,541 | ||
8 | Делгадо | Сан Салвадор | 120,200 | 18 | Изалко | Сонсонате | 70,959 | ||
9 | Ауачапан | Ауачапан | 110,511 | 19 | Кускатанкинго | Сан Салвадор | 66,400 | ||
10 | Лјопано | Сан Салвадор | 103,862 | 20 | Метапан | Санта Ана | 65,826 |
Музиката во Ел Салвадор е под влијание на музиката на повеќе држави, пред сѐ на шпанската музика. Музиката содржи и религиозни песни (песни кои најмногу се пеат при славењето на Божиќ и на останатите празници). Сатиричните елементи се многу често застапени во музиката. Исто така кубанската, колумбиската и мексиканската музика имаат големо влијание врз музиката во Ел Салвадор. При изведба на музиката се користат инструменти како што се флејти, тапани, гитара и други многубројни инструменти.
Најпопуларен спорт во Ел Салвадор е фудбалот. Фудбалската репрезентација на Ел Салвадор се квалификувал на светското фудбалско првенство во 1970 и 1982 година. Квалификациите за светското првенство 1970 година била нарушени поради фудбалската војна, војната со Хондурас, тим кој бил поразен од Ел Салвадор. Репрезентацијата домашните натпревари ги игра на стадион во Сан Салвадор. Стадионот е изграден во 1976 година и има 53.400 седишта, што го прави најголем стадион во Средна Америка и Карибите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.