Воена диктатура е диктатура во која војската поседува целосна или значителна контрола врз политичкиот авторитет, а диктаторот најчесто е офицер со висок воен чин.

Спротивна состојба е цивилната контрола врз војската.

Создавање и развој

Повеќето воени диктатури се формираат по државен удар со кој била соборена претходната влада. Но, има и случаи кога цивилната влада формално била зачувана, но војската де факто има контрола врз неа. На пример, од 1916 година до крајот на Првата светска војна, Германското Царство било управувано како ефективна воена диктатура, затоа што генералите имале целосна контрола врз Кајзер Вилхелм Втори, така што канцеларот и министрите им служеле на нивните интереси. Исто така, владеењето во Царството Јапонија по 1931 година се смета за воена диктатура, затоа што армијата и морнарицата имале законско право да стават вето на формирањето. на непожелни влади (исто така и да ја принуди на оставка на постоечката влада која ја изгубила нивната наклонетост), и бидејќи министерските места во владата кои традиционално ги пополнувале цивили, почнало да се пополнуваат со активни офицери.

Воените диктатури може постепено да обноват значајни компоненти од цивилната влада додека високиот воен командант сè уште ја поседува извршната политичка моќ. На пример, чилеанската воена диктатура под Аугусто Пиноче во 1980 година спровела референдум по кој бил донесен нов устав, со кој се легитимизирал владеењето на режимот.

Поврзано

  • Цивилна контрола на војската
  • Стратократија
  • Воена хунта

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.