Драслајца
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Драслајца — село во Општина Струга, во околината на градот Струга, сместено во средишниот дел на Струшкото Поле.
Драслајца | |
Панорамски поглед на селото Драслајца, фотографирано од хеликоптер | |
Координати 41°12′56″N 20°41′35″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Струга |
Област | Струшко Поле |
Население | 714 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6330 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 26018 |
Надм. вис. | 687 м |
Слава | Голема Богородица |
Мреж. место | Драслајца |
Драслајца на општинската карта Атарот на Драслајца во рамките на општината | |
Драслајца на Ризницата |
Постојат неколку извори и толкувања како Драслајца го добило името. Во турскиот дефтер од 1583 година е забележано како Драгославица. Под истото име, пред крајот на првата половина на XVI век, се споменува и во Поменикот на манастирот Свети Јован во близина на селото Слепче, Демирхисарско. Полскиот етнолог и славист Влоѓимјеж Пјанка, кој на почетокот на шеесеттите години го посетил Драслјаца, објаснува дека името Драгославица со тек на време и со скратување на некои букви се трансформирало во Драслајца. Според него, тоа е добиено од личното име на некојси Драгослав. Етнологот Бранислав Русиќ го запишал како Драславица. Негов впечаток е дека драслајчани и соседите селото го викале со името Драслаица или Драслајца.
Селото се наоѓа во рамништето на Струшкото Поле, во источниот дел на територијата на Општина Струга и ѝ припаѓа на рурбалната зона на градот Струга, бидејќи од него е оддалечено само четири километри.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 699 метри.[2]
Куќите на ова големо село се наоѓаат на влажната и плодна почва помеѓу коритата на реките Сатеска и Црн Дрим. Низ средината на селото поминува Драслајскиот Поток, кој подоцна се влева во Црн Дрим.[3]
На северозапад од него се наоѓа селото Ложани, на североисток селата Биџево и Ливада, на исток Волино, на запад Враништа и на југ Мороишта.[3]
Месностите на атарот околу селото ги носат следниве називи: Средорек, Горни ливади, Санџак, Гроб, Бузелец, Копачка, Ограда, Добриш, Речиште, Мерка, Долна ограда, Шаварика, Миличина нива, Трн, Јаглишта, Краповница, Бардуница и Гола губа.[3]
Границите на Драслајчкиот синор се движат по местата На Оро, Под Круша, Краповица, Вировица, Средорек, Санџак, Малеш, Гроб (место каде што има непознат гроб со огромна плоча), Дупки (во близина на реката Сатеска), Черешна, Бузулец, Горни ливаѓе, Копачка, Дебрич (равни загони), Мерка, Дрим. Во тие граници се наоѓаат драслајчките ниви, ливади, ораници, а местата селаните ги нарекуваат: Миличева нива, Шаварка (некогаш тука имало шавар), Црквана (до самата црква), Јаглите (се претпоставува дека на тоа место се правел дрвен јаглен), Крапница (некогаш тука имало длабоки ендеци каде што селаните ловеле крап), Долни санџак, Ограда, Шушурица, Долна Ограда, Долзни разори (крај Црн Дрим), Вакоска Ледина, Вакоска ливада (во близина на црквата), Горни ливаѓе, Горни ливаѓе, Бела вода (каде се наоѓаат изворите на селската река) и Света Недела.
Драслајца има збиен тип, а одредени делови од селото се нарекуваат по родови, како: Спасевци, Митревци, Костовци, Чурковци, Стојановци и други.[3]
За Драслајца нема многу документи, ниту од подалечното, ниту пак од поблиското минато, што создава големи тешкотии за осознавање на неговото минато. Единствен постар документ во кој се споменува селото е Опширниот турски дефтер од пописот за Охридскиот санџак од 1583 година, но под името Драгославица. За тоа колку време пред тоа постоело Драслајца не се знае ништо, бидејќи не постојат никакви други документи и белези врз кои може да се утврди неговата старост.
Пред крајот на турската власт, обработливата површина во атарот на селото, една третина припаѓала на христијанските родови (Костевци, Митревци и други), додека две третини припаѓале на поседувачите на чифликот, како што биле Мерсим-ага, Мустафа-ага, Ариф-ага, Шукри Џура и една жена Анка.[3]
Мерсим-ага бил Албанец од селото Мислодежда на планината Караорман, додека останатите биле Турци од Охрид. По ослободувањето во 1912 година, земјата била купувана постепено од македонските родови.[3]
Во XIX век, Драслајца било село во рамките на Струшката нахија, на Охридската каза на Отоманското Царство.
Атарот е мал и зафаќа простор од 4,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 426,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 5,1 хектар, а на шумите само 0,3 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Во минатото сите жители се занимавале со земјоделство, чии производи подоцна ги продавале во градовите Струга и Охрид. Во поскромни размери развиено е и сточарството, особено одгледувањето крави, свињи и живина.[3]
Во минатото, исто така, во селото работела земјоделската задруга „Напредок“, која била заедничка со соседното село Ложани.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства и 112 жители мажи.[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Драслајца имало 340 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драслајца имало 360 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Драслајца е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 45 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[8]
Драслајца има позитивен популациски биланс. Имено, во 1961 година селото броело 780 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 804 жители, од кои 801 Македонец и 3 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Драслајца живееле 778 жители, од кои 775 Македонци, 2 Срби и 1 Ром.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 714 жители, од кои 679 Македонци, 1 Влав, 1 Србин, 5 останати и 28 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 340 | 360 | 612 | 668 | 760 | 805 | 828 | 888 | 804 | 778 | 714 |
Драслајца е во целост македонско православно село. Родовите во селото се староседелски и доселенички, а поради добрата местоположба селото нема иселеници и во него доаѓаат постојано нови жители.[3]
Староседелски родови во селото се: Митревци (10 к.) и Кичевци (3 к.), за нив се вели дека отсекогаш живеат овде.[3]
Доселенички родови до крајот на турското владеење во селото се: Костевци (10 к.) доселени се од некое село во околината на Костур, Егејска Македонија, го знаат следното родословие: Благоја (жив на 60 г. во 1980 година) Јонче-Сарафин-Спиро-Јоан, кој се доселил од Костурско, околу 1830 година со неговите браќа Стефан, Аврам и Димо, во Костурско влегле во расправија со Турците и затоа пребегнале овде; Спасевци (20 к.) доселени се од некаде; Пеќиновци или Трајановци (5 к.) доселени се од соседното село Биџево, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло им е од некое село во Пеќ; Чурковци (15 к.) доселени се од некое село во Прилепско; Стојановци (20 к.) доселени се од сега раселеното село Црско на Караорман, тоа село постоело во атарот на селото Поум; Милошевци (17 к.) доселени се од селото Ложани; Торковци (12 к.), Чоловци (6 к.), Далчевци (6 к.), Малевци (5 к.) и Манговци (2 к.) доселеници од непознато место; Љајковци (7 к.) доселени се после Првата светска војна од селото Ливада; Љанговци (6 к.) доселени се од соседното село Биџево исто така после Првата светска војна; Мартиновци (4 к.) доселени се од селото Мешеишта, време на доселување како претходните два рода и Ојлевци (4 к.) доселени околу 1950 година од селото Модрич, во Дебарски Дримкол.[3]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Селото влегува во рамките на Општина Струга, една од општините која доживеала најголеми промени со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Струга.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Струга.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Драслајца, во која покрај селото Драслајца, се наоѓале и селата Биџево, Делогожди, Ливада, Ложани, Мороиште и Ново Село. Општината Драслајца постоела и во периодот 1950-1952 година.
Во селото постои избирачко место бр. 1865 според Државната изборна комисија, кое е сместено во младинскиот дом „Гоце Делчев“ во селото.[17]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 701 гласач.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 688 гласачи.[19]
Во минатото, од селото не се забележани поголеми иселувања, освен на некои помлади семејства, кои се иселиле околу 1960-тите години во Струга (5 к.) и во Охрид (2 к.).[3]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.