Ложани
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Ложани — село на брегот на реката Црн Дрим, во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Ложани | |
Ложани во зима | |
Координати 41°13′37″N 20°40′32″E | |
Општина | Струга |
Население | 644[1] жит. (поп. 2021)[2] |
Шифра на КО | 26028 |
Надм. вис. | 683 м |
Ложани на општинската карта Атарот на Ложани во рамките на општината | |
Ложани на Ризницата |
Според легендата, Ложани претставува старо село кое било основано околу еден ан, кој се наоѓал на патот на денешните населби: Долна Белица-Враништа-Ложани-Биџево-Требеништа.[3] Крај анот на патниците повремено им се случувало по нешто лошо (кражби, убиства). Според тоа и местото го добило името Лош-ан.[3]
На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката Нахија во Охридската Каза во Отоманското Царство.
На брегот на реката Црн Дрим во југозападниот дел на Република Македонија во пазувите на планините Караорман и Јабланица во Охридско-струшката Котлина на 7 км од бисерот на Македонија, Охридското Езеро, богато со многу природни квалитетни пивки подземни води кои извираат од подземните длабочини како природни извори или дупнатини на длабочини од 50 до 100 метри. (Во минатото извирале подземна води на помали длабочини од околу 25-35 метри со понизок квалитет на водата). Ложани припаѓа под Општина Струга, брои околу 730 жители сите од македонска националност по вероисповед православни христијани, сместени во околу 160 домаќинства и околу 220 куќи претежно градби од понов период. Голем број на жители од Ложани се наоѓаат на печалба надвор од земјата во прекуокеанските земји најмногу во Австралија и Америка, а помал дел во европските земји кои помагаат во развојот и изградбата на Ложани. Од организирани форми на општествениот живот во Ложани функционираат Фолклорниот ансамбл „Билјана“ кој има бројни гостувања во земјава и во странство. Селото е рамничарско, на надморска височина од 683 метри.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ложани живееле 300 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ложани имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци и 50 Албанци.[6]
Во 1961 година во селото имало 748 жители, додека во 1994 година бројот на населението се намалило на 710 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, во селото се забележани 729 постојани жители, сите Македонци.[1]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 644 жители, од кои 511 Македонци, 9 Албанци, 1 Ром, 6 Власи, 4 останати и 113 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300 | 240 | 603 | 667 | 748 | 684 | 708 | 763 | 710 | 729 | 644 |
Ложани е македонско село.
Родови во селото се: Спасевци (30 куќи), Шурдовци (17 куќи), Жупановци (16 куќи), Шумуликовци (16 куќи), Перевци (12 куќи), Јаулевци (12 куќи), Иљовци (12 куќи), Поповци (10 куќи) и Танковци (10 куќи). Родот Поповци е доселен од селото Рајца (денес во Албанија на самата граница со Македонија), нивните роднини во Рајца се сега муслимански Албанци. Родот Јаулевци е доселен од сега албанското село Ливада го знаат следното родословие: Танас (жив на 40 г. во 1980 година) Нестор-Аврам-Анѓеле-Ѓорге, основачот на родот кој се доселил; Трајановци (1 куќа) и Танковци (1 куќа) доселени се после Првата светска војна од селото Биџево; Савевци (1 куќа) доселени се кога и претходните родови од планинското село Брчево.[12]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
-Амбасадори со песна и ора по целиот свет Фолклорниот ансамбл Билјана од Ложани датира уште од далечната 1978 година па сè до ден денес со својата активност придонесува за афирмација на македонската фолклорна ризница пред пошироката јавност како во земјава така и во странство. Фолклорниот ансамбл Билјана моментално работи со две постојани групи:
Двата фолклорни ансамбли по традиција негуваат македонската народна песна и оро, особено песните и игрите од југозападниот дел на Македонија, како основна јатка, извор и израз на традициите на својот македонски народ.
На репертоарот на фолклорниот ансамбл Билјана се наоѓаат многу познати ора и игри како што се:
Ложански сплет, Повардарие, Сплет од Источна Македонија, Тресеница, Комитско оро, Водарки, Осоговка, Седенка, Жетварки, Струшко-Охридските игри, Песни, игри од Егејска Македонија, Истерување на чумата, Калајџиското оро, Пирин, Копачија, Жетварки и други македонски игри.
Низ сите овие игри и ора доминира богатиот колорит и вез на женската и машката народна носија,а посебно низ звукот на тапанот, гајдата и зурлите, пленува ритмичката кореографија и звукот на самата мелодија. Фолклорниот ансамбл Билјана е вистински афирматор на македонската народна песна и игра во земјава и во светот. Овој фолклорен ансамбл со своја програма и богатиот музички оркестар гостувал во повеќе земји на Европа и Африка каде на повеќе фестивали ги освојувал првите награди. Трагите на овој ансамбл навистина се неизбришани. За тоа најубаво сведочат гостиувањата во Бугарија, Полска, Р. Србија, Чехословачка, Германија, Египет, Холандија, Италија и други земји.
Фудбалскиот клуб Напредок е оформен во 1978 година.
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Целосно се иселени Милошовци (во Драслајца и Враништа), Кошарковци (во Струга).[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.