![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8f/Flag_of_Yugoslavia_%25281943%25E2%2580%25931946%2529.svg/langmk-640px-Flag_of_Yugoslavia_%25281943%25E2%2580%25931946%2529.svg.png&w=640&q=50)
Демократска Федеративна Југославија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Демократска Федеративна Југославија (ДФ Југославија или ДФЈ), - привремена држава основана за време на Втората светска војна на 29 ноември 1943 година преку Второто заседание на Антифашистичкиот совет за национално ослободување на Југославија (АВНОЈ). Националниот комитет за ослободување на Југославија (НКОЈ) било неговото првобитно извршно тело. Во текот на своето постоење била управувана од маршалот Јосип Броз Тито како премиер.
Демократска Федеративна Југославија Demokratska Federativna Jugoslavija Демократска Федеративна Југославија Demokratična federativna Jugoslavija | |||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
ноември 1942–1945 | |||||||||||||||||||||||||
Химна: "Хеј, Словени" | |||||||||||||||||||||||||
![]() Демократска Федеративна Југославија во 1945 пред Париските мировни договори | |||||||||||||||||||||||||
Статус | Влада под контрола на Комунистичка партија на Југославија | ||||||||||||||||||||||||
Главен град | Белград | ||||||||||||||||||||||||
Largest city | главен град | ||||||||||||||||||||||||
Official languages | Српско-хрватски Словенечки Македонски[1][2] | ||||||||||||||||||||||||
официјален јазик | Кирилица • Латиница | ||||||||||||||||||||||||
Демоним(и) | Југословен Југословенски | ||||||||||||||||||||||||
Уредување | Федерална привремена влада –Национален комитет (1943–45) –Уставна монархија (1943–1945, де јуре) | ||||||||||||||||||||||||
Претседател на Президиумот на АВНОЈ | |||||||||||||||||||||||||
• 1943–45 | Иван Рибар | ||||||||||||||||||||||||
Крал | |||||||||||||||||||||||||
• 1943–45 | Петар II | ||||||||||||||||||||||||
Претседател на Владата | |||||||||||||||||||||||||
• 1943–45 | Јосип Броз Тито | ||||||||||||||||||||||||
Legislature | Привремено Народно Собрание | ||||||||||||||||||||||||
Историски период | Втора светска војна | ||||||||||||||||||||||||
29 ноември 1942 | |||||||||||||||||||||||||
• Договор Тито–Шубашиќ | 16 јуни 1944 | ||||||||||||||||||||||||
• Формирана привремена влада | 7 март 1945 | ||||||||||||||||||||||||
24 октомври 1945 | |||||||||||||||||||||||||
• Избори | 11 ноември 1945 | ||||||||||||||||||||||||
• Крај на монархијата | 29 ноември 1945 | ||||||||||||||||||||||||
Површина | |||||||||||||||||||||||||
Валута | Различни (1943–44): Српски динар, НДХ куна, Бугарски лев, Италијанска лира, Рејхсмарка (1944–45): Југословенски динар | ||||||||||||||||||||||||
Временска зона | UTC+2 (Средноевропско време (CET)) | ||||||||||||||||||||||||
Driving side | десно | ||||||||||||||||||||||||
Повикувачки број | 38 | ||||||||||||||||||||||||
|
Земјата била признаена од страна на сојузниците на конференцијата во Техеран, заедно со АВНОЈ како нејзино советувачко тело. Југословенската влада во егзил на кралот Петар II во Лондон, делумно поради притисокот од Обединетото Кралство,[3] ја признала владата на АВНОЈ со Договорот од Вис, потпишан на 16 јуни 1944 година помеѓу премиерот на владата во егзил, Иван Шубашиќ и Тито.[3] Со Договорот од Вис, владата во егзил и НКОЈ се согласиле да се спојат во привремена влада што е можно поскоро. Формата на новата влада била договорена во вториот договор Тито-Шубашиќ потпишан на 1 ноември 1944 година во неодамна ослободениот југословенски главен град Белград. ДФ Југославија станала една од основачките членки на Обединетите нации по потпишувањето на Повелбата на Обединетите нации во октомври 1945 година.
Државата била формирана за да го обедини југословенското движење на отпорот кон окупацијата на Југославија од Силите на Оската. Договорот го оставило прашањето дали државата ќе биде монархија или република намерно неопределено до крајот на војната, па местото шеф на државата било празно. По спојувањето на владите, државата била реформирана во еднопартиска Федеративна Народна Република Југославија со Јосип Броз Тито како премиер и Иван Шубашиќ како министер за надворешни работи.