Гота
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гота (германски: Gotha) — град во сојузната покраина Тирингија, во средишна Германија. Тој е административно седиште на округот Гота.
Гота | |
Знаменитости на Гота | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Гота |
Градски единици | 11 |
Градоначалник | Кнут Кројх (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 69,52 км2 |
Надм. височина | 300 м |
Население | 46.019 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 662 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GTH |
Пошт. бр. | 99867 |
Повик. бр. | 03621 |
Портал | www.gotha.de |
Местоположба на градот Гота во рамките на округот Гота | |
Координати | 50°56′56″N 10°43′6″E |
Градот постои најмалку од 8 век, кога бил споменат во документ потпишан од Карло Велики како „Вила Готаха“ („добри води“, герм. Villa Gotaha). Неговата важност доаѓа од 1640 како главен град на војводството Саксо-Гота. Во 18 век, долгиот престој на францускиот филзсоф Волтер го претворил дворот во еден од центрите на просветителството во Германија. Од 1826 до 1918, Гота бил еден од двата главни града на војводството Саксо-Кобург-Гота.
Гота одиграл важна улога во германското работничко движење. Германската социјалистичка партија (SPD) била основана во Гота во 1875 преку спојување на две организации: Социјалдемократската работничка партија предводена од Август Бебел и Вилхелм Либкнехт и Сегерманското работничко здружение основано од Фердинанд Ласал. Компромисот познат како „Програма Гота“ бил донесен, иако бил силно критикуван од Карл Маркс.
Познатиот психолог и антрополог Теодор Вајц е роден во 1821.
Исто така, Гота била центар на издаваштвото. Фирмата Justus Perthes (сега наречена „Hermann Haack“) започнала со печатење во 1763 на Almanach de Gotha, список на владејачките династии и високото благородништво во Европа.
Од 1949 до 1990, Гота била дел од Источна Германија.
Гота е збратимен со:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.