Големо Кнежевство Литванија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Големо Кнежевство Литванија (литвански: Lietuvos Didzioji Kunigaikštystė, белоруски: Вяли́кае Кня́ства Лито́ўskae, украински: Велике Князумство Литовске, полски: Wielkie Księstwo Litewskie) ― држава во Европа која постоела од 13 век [1] до крајот на 18 век.[2] По распадот, во 1795 година, територијата на кнежевство била поделена меѓу Руската Империја, Кралството Прусија и Австриското Хабсбуршко Царство. Државата ја основале Литванците откако претходно се обединиле неколку балтички племиња од Аукштаитија.[3][4][5]
Големо Кнежевство Литванија | |
---|---|
ок. 1236–1795 | |
Статус |
|
Главен град | |
Вероисповед |
|
Уредување |
|
Историја | |
• Основана | 1180-ти |
• Престанала да постои | 24 октомври 1795 |
Големото Кнежевство се проширило така што кон себе припоило големи делови од поранешна Киевска Русија и други соседни држави, и се распослало во денешна Белорусија, Литванија, поголемиот дел од Украина, како и делови од Латвија, Молдавија, Полска и Русија. При својот врв во 15 век, таа била најголема држава во Европа.[6]
Миндаугас, прв владетел со Големото Кнежевство, бил крунисан како католички крал на Литванија во 1253 година. Против државата која била паганска, Тевтонските витези и Ливонскиот ред започнале верска крстоносна војна, но опстоила. Нејзината брза територијална експанзија започнала за време на владеењето на Гедиминас,[7] а ја продолжиле неговите синови, Алгирдас и Кестутис.[8] Во 1386 година, Јогаила (син на Алгирдас) го потпишал Сојузот од Крево, по што следувале две големи промени во историјата на Големото Кнежевство Литванија: преминување во христијанство на последната паганска држава во Европа[9] и воспоставување на династичка унија помеѓу Големото Кнежевство Литванија и Кралството Полска.[10]
За време на владеењето на Витаутас Велики, син на Кестутис, Големото Кнежевство ја имало својата најголема територијална експанзија. Витаутас во 1410 година во битката кај Грунвалд ги поразил Тевтонските витези. По смртта на Витаутас, односите меѓу Литванија и Кралството Полска значително се влошиле. Литванските благородници се обиделе да го прекинат личниот сојуз со Полска.[11] Но, војните со Големото Московско Кнежевство биле причина за задржување на сојузот.
Конечно, со Лублинскиот сојуз од 1569 година била создадена нова држава, Полско-литванскиот Државна Заедница. Во таа федерација, Големото Кнежевство Литванија ја задржало својата политичка посебност и имало посебни министерства, закони, војска и државна каса.[12] Федерацијата се распаднала по донесувањето на Уставот од 3 мај 1791 година, кога требало да стане една држава, со еден монарх, еден парламент и без литванска автономија. Унитарниот карактер на државата бил потврден со усвојување на Реципрочната гаранција на две држави.
Но, новореформираната држава во 1792 година била нападната од Русија и била поделена меѓу соседните држави. Скусената држава (чии главни градови биле Краков, Варшава и Вилнус) имала номинална независност. По Кошчушкото востание, во 1795 година територијата била целосно поделена меѓу Руската Империја, Кралството Прусија и Австрија.