Латвија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Латвија или Летонија[5] (латвиски: Latvija; ливонски: Leţmō), официјално Република Латвија или Република Летонија (латвиски: Latvijas Republika; ливонски: Leţmō Vabāmō) — држава во Балтичкиот регион во Северна и Источна Европа. Латвија се граничи со Естонија на север, со Литванија на југ, со Русија на исток и со Белорусија на југоисток. На запад државата има излез на Балтичкото Море, преку кое поморски се граничи со Шведска. Вкупната површина на Латвија изнесува 64.589 км2.
Република Летонија Latvijas Republika
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Dievs, svētī Latviju! Господ да ја благослови Латвија! |
||||||
Местоположбата на Латвија (темнозелена) – на Европскиот континент (светлозелена и темносива) |
||||||
Главен град (и најголем) | Рига 56°57′N 24°6′E | |||||
Службен јазик | латвиски | |||||
Народности | 62,1% Латвијци 26,9% Руси 3,3% Белоруси 2,2% Украинци 5,5% останати[1] |
|||||
Демоним | Латвиец / Летонец | |||||
Уредување | Парламентарна република | |||||
• | Претседател | Евика Силиња | ||||
• | Премиер | Едгарс Ринкевич | ||||
Независност | од Русија и Германија | |||||
• | Објавена | 18 ноември 1918 | ||||
• | Призната | 26 јануари 1921 | ||||
• | Советско присвојување | 5 август 1940 | ||||
• | Германско присвојување | 10 јули 1941 | ||||
• | Второ присоединување кон СССР | 1944 | ||||
• | Објавена независност | 4 мај 1990 | ||||
• | Стапено во сила | 6 септември 1991 | ||||
пристапила во ЕУ | 1 мај 2004 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 64,589 км2 (124-та) | ||||
• | Вода (%) | 1.5 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2009 г. | 2,231,503 [2] (143-та) | ||||
• | Попис 2000 ppl | 2,375,000 | ||||
• | Густина | 36 жит/км2 (166-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $38.764 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $17,071[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $34.054 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $14,997[3] | ||||
Џиниев коеф. (2003) | 37.7 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.810[4] многу висок · 48ма |
|||||
Валута | Евро (€) (EUR ) |
|||||
Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .lv | |||||
Повик. бр. | 371 |
Доминантна етничка група во Латвија се Латвијците и се дел од балтичката група на народи. Културно, Латвијците се поврзани со Естонците и Литванците, но не се генеолошки и лингвистички поврзани со Естонците. Мајчин јазик на Латвијците е латвискиот јазик кој е најголем и единствен службен јазик во Латвија. Литванскиот и латвискиот јазик се единствените сè уште живи балтички јазици. Латвија е и дом на големи нелатвиска заедница, пред сè на голема руска малцинска заедница.
Латвија е унитарна парламентарна демократија поделена на 118 општини. Најголем град во Латвија е Рига, кој воедно е и главен град на државата. Со своите 2.23 милиони жители, Латвија е најслабо населена држава во Европската Унија и со пад на населението од 14.9% од 1991 па до денес.[6] Латвија е член на ООН од 17 септември 1991, потоа член на ЕУ од 1 мај 2004 и на НАТО од 29 март 2004 година.
По Втората светска војна, Латвија била под власт на СССР. Советската контрола на територијата на Латвија траела до 1991 година. По период од стагнација во раните 199о-ти, Латвија забележала голем пораст на БНП-от, особено во периодот од 1998 до 2006. За време на финансиската криза од 2008 до 2010 година, Латвија била една од најпогодените држави во ЕУ со пад на ПНД-от од 26.54%.[7][8] БНП по глава на жител бил 49% од просекот на ЕУ во 2009 со што ја прави трета најсиромашна држава-членка на ЕУ.[9]