Г-20
From Wikipedia, the free encyclopedia
Групата од дваесетте министри за финансии и гувернерите на Централната банка (позната како Г-20, исто така и како Г20 или Група на Дваесет) е група составена од министрите за финансии и гувернерите на Централната банка од 20 економии: 19 држави, плус Европската унија (ЕУ). Оваа група исто така, се состанала трипати на ниво на шефови на влади и тоа во: Вашингтон, во ноември 2008 година, Лондон во април 2009 и Питсбург во септември 2009 година. Планирано е следната средба да се одржи во Торонто, во јули 2010 година.
Областите во тенна сина боја се земјите членки на Г-20; светла сина се членови на Европската унија . | |
Кратенка | G-20 |
---|---|
Основана | 1999 2008 (Summit) |
Цел | Најсилните економии и економиите во развој да разговараат за клучните прашања во глобалната економија.[1] |
Членство | |
G-20 Chair | Јужна Кореја (2010) |
Вработени | None[2] |
Мреж. место | http://www.g20.org/ |
Заедно, Г-20 економиите претставуваат 85% од глобалниот бруто-национален производ, 80% од светската трговија (вклучувајќи ја и трговијата во рамките на ЕУ) и две третини од светската популација.[2]
Г-20 е форум за соработка и консултации по прашања кои се однесуваат на меѓународниот финансиски систем. Овој форум проучува, прегледува и промовира дискусии помеѓу главните индустриски земји и земјите во развој за политички прашања, коишто се однесуваат на подобрувањето на меѓународната финансиска стабилност, а исто така се стреми кон разгледување на теми коишто не се во надлежност на секоја поединечна организација.[3]
По проширувањето на Г-20 на самитот во Вашингтон во 2008 година, на 25 септември 2009 година, водачите изјавиле дека групата ќе го преземе местото на Г8 како главен економски Совет на богатите народи.