![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e7/G20.svg/langmk-640px-G20.svg.png&w=640&q=50)
Г-20
From Wikipedia, the free encyclopedia
Групата од Дваесет (позната како Г-20, исто така и како Г20 или Група на Дваесет) е меѓувладин форум составен од министрите за финансии и гувернерите на Централната банка од 20 економии: 19 држави, плус Европската унија (ЕУ) и Африканската Унија (АУ). Оваа група, исто така, се состанала трипати на ниво на шефови на влади и тоа во: Вашингтон, во ноември 2008 година, Лондон во април 2009 и Питсбург во септември 2009 година.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() Земјите со темна сина боја се земјите членки на Г-20; со светла сина се членките на Европската Унија. | |
Кратенка | G-20 |
---|---|
Основана | 1999 2008 (самити) |
Цел | Најсилните економии и економиите во развој да разговараат за клучните прашања во глобалната економија.[1] |
Членство | |
Претседавач | ![]() |
Вработени | нема[2] |
Мреж. место | http://www.g20.org/ |
Заедно, Г-20 економиите претставуваат 85% од глобалниот бруто-национален производ, 80% од светската трговија (вклучувајќи ја и трговијата во рамките на ЕУ) и две третини од светската популација.[2]
Г-20 е форум за соработка и консултации по прашања кои се однесуваат на меѓународниот финансиски систем. Овој форум проучува, прегледува и промовира дискусии помеѓу главните индустриски земји и земјите во развој за политички прашања, коишто се однесуваат на подобрувањето на меѓународната финансиска стабилност, а исто така се стреми кон разгледување на теми коишто не се во надлежност на секоја поединечна организација.[3]
По проширувањето на Г-20 на самитот во Вашингтон во 2008 година, на 25 септември 2009 година, водачите изјавиле дека групата ќе го преземе местото на Г8 како главен економски совет на богатите народи.