From Wikipedia, the free encyclopedia
Г-20 самитот на водачи за финансиските пазари и светската економија се одржа на 2 април 2009 година во Excel центарот во Лондон. Овој самит беше продолжение на првиот Г-20 Самит на водачите на финансиските пазари и Светската економија, одржан на 14-15 ноември 2008 година во Вашингтон.На него учествуваа шефови на влади или шефови на држави од групата на Дваесет министри за финансии и гувернери на Централната банка (Г-20), плус некои регионални и меѓународни организации. Поради зголеменото членство овој самит беше наречен Лондонски самит. Полициската тактиката на настанот предизвика некои контроверзии, особено по смртта на Ијан Томлинсон(Ian Tomlinson).
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Како домаќин, британското Министерство за Финансии подготви проширена програма каде што ги предложи прашањата кои треба да се обработат на Лондонскиот самит:
Водачите на земјите- членки почна да се подготвувааат за Лондонскиот самит неколку месеци пред неговото одржување, особено со двата официјални состаноци посветени на таа подготовка, од кои едниот се одржа на 22 февруари 2009 г. во Берлин, Германија, за европските ледери, а другиот на 14 март 2009 г. во Хоршам, Сасекс, Велика Британија, за министрите за финансии.
Водачите на четирите земји од Европската унија, членки на Г-20, Франција, Германија, Италија и Велика Британија заедно со двете најголеми земји кои не се членки на ЕУ, Шпанија и Холандија, се сретнаа на 22 февруари 2009 год во Берлин со цел да се подготват за Лондонскиот самит и да ги координираат активностите. Средбата беше организирана по иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркер. Водачите се согласија дека пазарите, финансиските институции и финансиските средства со широкиот опсег што тие ги создаваат како и сигурните фондови ,треба да бидат предмет на соодветна контрола. Покрај тоа, тие повикаа на ефективни санкции против даночните обврзници. Исто така се согласија да воведат санкции против земјите коишто имаат намера да ја нарушуваат нивната работа. На крај, тие се залагаа за удвојување на средствата кои му стојат на располагање на ММФ.
Министрите за финансии и централните банкари на Г-20 се состанаа на 14 март 2009 г. во Хоршам за да се подготват за Лондонскиот самит. За што е можно побрзо да се зголеми глобалниот раст, учесниците одлучија да одобрат координирани и решителни акции со цел да се стимулира побарувачката и вработувањето. Тие, исто така, ветија дека ќе се борат против сите форми на протекционизам и дека ќе ја одржуваат трговијата и странските инвестиции. Членовите исто така, се обврзаа дека преку обезбедување поголема ликвидност и рекапитализација на банкарскиот систем ќе ја одржуваат понудата на кредити, како и дека брзо ќе ги спроведат стимулативните планови. Што се однесува до централните банкари, тие ветија дека ќе ја одржуваат политиката на ниски камати онолку време колку што е потребно. На крај, водачите одлучија преку зајакнување на ММФ, да им помогнат на земјите во развој, За зајакнување на финансискиот систем, учесниците предложија соодветно регулирање на сите важни финансиски институции, регистрирање на сите сигурни фондови или на нивните менаџери и нивно принудување да обезбедат соодветни информации за ризиците коишто ги преземаат. Тие предложија имплементирање на регулатива со која ќе се спречат системските ризици и со која ќе се држат под контрола бизнис циклусите, вклучувајќи го и ограничувањето на моќниот ефект, кој ги засилува циклусите. Тие најавија нови мерки за спречување и решавање на кризи, преку зајакнување на ММФ и ФСС. Тие се согласија да ги контролираат агенциите со кредитна способност и нивната усогласеност со Кодексот на однесување на Меѓународната организација на безбедносните комисии ; пазарите на кредит-деривати , и не- кооперативните територии. Состаноци пред самитот организирани од страна на Гордон Браун Неколку недели пред самитот во Лондон, премиерот на Велика Британија,Гордон Браун, посети неколку земји на трите континенти со цел да обезбеди поддршка на своите цели на Лондонскиот самит.. За време на посетата ,по критиките од страна на гувернерот на Банката на Англија, Браун беше принуден повторно да го појасни неговиот став за фискалните стимулации. За врема на говорот во Европскиот парламент во Стразбур, Франција, тој беше предизвикан околу неговите планови за трошење од страна на пратеник. Тој, исто така ги посети САД, Бразил, Аргентина и Чиле. Силно го нападна протекционизмот велејќи: "Една од пораките што мора да произлезат од самитот кој ќе се одржи идната недела е дека ние ќе ги отфрлиме земјите- приврзаници на протекционизмот, ќе ги надгледуваме овие земји и ако е потребно ќе ги означиме и посрамотиме земјите кои нема да ги спороведаат плановите за слободна трговија. Во седмиците кои му претходеа на самитот во Лондон, се зголемуваше разликата во мислењата околу прашањето за спроведување на понатамошни фискални стимуланси. Британското и американското раководство биле за друга рунда стимулативни пакети со кои ќе се стимулира глобалната економија,додека пак француското и германското раководство поради зголемениот долг што овие мерки ќе го предизвикаат остро се спротивставиле. На 26 март 2009 г. чешкиот премиер Мирек Тополанек(Mirek Topolanek) жестоко ја критикуваше економската експанзивна политика на американскиот претседател Барак Обама. Самитот
Водачите на Г-20 започнаа да пристигнуваат во Лондон на 1 април 2009 година. Пред тргнувањето за Лондон, францускиот претседател Никола Саркози сугерираше дека доколку не се постигне значаен договор, Франција ќе го напушти самитот имитирајќи го гестот "празно столче" на францускиот претседател Charles de Gaulle од 1965 година. На заедничката прес-конференција во Лондон, Браун и Обама рекоа дека разидувачките предлози се пренагласени. Саркози присуствуваше на посебна прес-конференција со Меркел, на која и двајцата ги повторија апелите за на самитот да се договори построга регулација на финансиските пазари и ги повторија нивните спротивставувања за понатамошни пакети за финансиска стимулација. Вечерта на 1 април водачите присуствуваа на прием во Бакингемската палата ,подготвен од кралицата Елизабета II. За време фотографирање,таа во обид да го привлече вниманието на претседателот Обама,благо го прекори италијанскиот премиер Силвио Берлускони за премногу гласно викање.Приказната беше проследена од италијанските медиуми,и искористена од страна на противниците кои остро го прекорија Берлускони. По приемот во палатата, водачите вечераа на 10-тата Даунинг стрит 10(10 Downing Street), каде што храната ја подготви Џејми Оливер( Jamie Oliver). Самитот започна утрото на 2 април и се одржа во Excel-центарот, во Custom House, Источен Лондон.
Безбедносната операција, операција Glencoe, предводена од командантот Боб Бродхурст(Bob Broadhurst), беше предвидено да чини £ 7.2 милиони евра. Шест полициски сили биле употребени за време на операцијата: полицијата на Метропилит,полицијата на Лондон, британската полиција за транспорт,полицијата на Есекс и полицијата на Бедфорхшарј.Освен нив беа употребени и некои единици на Министерството за одбрана. Тоа се највисоките трошоци за безбедност во британската историја.
Самитот стана цел на протестанти од голем број на различни групи за бројни долготрајни и актуелни прашања. Овие протести потекнаа од несогласувањата околу економската политика, банкарскиот систем како и платите и бонусите на банкарите, продолжената војна против тероризмот и загриженоста околу климатските промени. Иако поголемиот дел од протестите и демонстрантите беа мирни,имаше и случаи на насилни и криминални оштетувања кои доведоа до употреба насила за да се контролираат демонстрантите.
Ијан Томлинсон,продавач на весници во Лондон, почина во полицискиот кордон на протестот против Г-20 во Мелтдаун(Meltdown) во близина на Банката на Англија. Првично, Лондонската полицијата негира дека се случил каков било инцидент. Сепак, снимките, фотографиите и сведочења од очевидци беа објавени во медиумите, и Независната комисија за поплаки од полицијата(НКОЈ), потврди дека Томлинсон бил соборен од страна на полициски службеници неколку минути пред тој да падне и почине од срцев удар.. Дополнителните наоди дека Томлинсон бил удрен со пендрек беа потврдени по објавувањето на дополнителна видео снимка. Потоа НКПЈ наредила втора и независна кривична истрага,која довела до наоди дека иако “постојат докази за коронарна атеросклероза" и ,,што веројатно не била причината за смртта” и дека " причината за смртта е абдоминалната хеморагиja.
Водачите на Г-20 - и покрај очигледните несогласувања помеѓу Обединетото Кралство и САД, кои сакаа голем финансиски стимуланс, и Франција и Германија, кои сакаа построга финансиска регулатива - постигнаа договор кој, во принцип, предвидува1.1 трилиони американски долари за различни програми наменети за подобрување на меѓународните финансии, кредитите, трговијате и вкупната економска стабилност и обновување. Програмите вклучуваат:
Исто така беше постигнат договор чија цел е да донесе поширока глобална регулација на сигурните фондови и агенциите со кредитна спосообност ,што претставува заеднички пристап за чистење на токсичните банковни средства. Водачите на Г-20, исто така, се согласија да се воспостави стабилност на финансискиот форум кој работи со ММФ, за да се обезбеди поширока глобална соработка и да се обезбеди систем за рано предупредување за идните финансиски кризи. Нема зелена политика. И покрај повиците за нов зелен договор од Гринпис(Greenpeace ) и други општи политички кампањи во врска со еколошките проблеми, ниту еден од американските1.1 трилион стимул пакети не беше наменет за инвестиции во природата,а не беше потпишан ниту уште еден договор од ваков тип.
Еден од општите договори на Лондонскиот самит е дека треба да има повеќе владини прописи за бизнисот, при што постоеше мислење дека САД веќе нема да доминираат. Коментирајќи за самитот, потпретседателот на Goldman Sachs International Роберт Хормат(Robert Hormats),рече дека "САД стануваат се помалку доминантни, додека другите народи добиваат сè поголемо влијание." Влијание на Кина Влијанието на Кина беше многу очигледно за време на Г-20 при што некои коментатори велат дека Г-20 повеќе изгледал како г-20.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.