Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - екипна потера за мажи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Велосипедската екипна потера за мажи на Летните олимписки игри 2012 во Лондон се одржала на Лондонскиот велопарк на 2 и 3 август.[1]
Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 | ||||
---|---|---|---|---|
Друмски велосипедизам | ||||
Друмска трка | мажи | жени | ||
Хронометар | мажи | жени | ||
Велодромски велосипедизам | ||||
Спринт | мажи | жени | ||
Екипен спринт | мажи | жени | ||
Кеирин | мажи | жени | ||
Екипна потера | мажи | жени | ||
Омниум | мажи | жени | ||
Планински велосипедизам | ||||
Крос-кантри | мажи | жени | ||
BMX | ||||
BMX | мажи | жени |
Екипната потера започнала со квалификациско коло. Екипите биле подредени во првото коло според нивните остварени резултати во квалификациите – најбрзата екипа се натпреварувала против четвртата најбрза, втората се натпреварувала против третата, петтата против осмата и шестата против седмата. Победниците од двете групи помеѓу првите четири екипи продолжиле во финалето; останатите шест екипи биле пласирани според нивните времиња од првото коло, додека најдобрите две екипи од нив се натпреварувале за бронзата.[2]
Екипата на Велика Британија составена од Ед Кленси, Герајнт Томас, Стивен Барк и Питер Кенох го освоила златниот медал со време побрзо од светскиот рекорд, 3 минути и 51,659 секунди. Австралија го освоила сребрениот медал, додека Нов Зеланд бронзата.