Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - екипна потера за жени
From Wikipedia, the free encyclopedia
Екипната потера за жени на Летните олимписки игри 2012 во Лондон била одржана на лондонскиот велопарк на 3 и 4 август.[1] Екипната потера започнала со квалификации. Екипите биле подредени во првото коло според нивните квалификациски времиња - најбрзата екипа се натпреварувала со четвртата најбрза, втората се натпреварувала против третата, петтата против осмата и шестата против седмата. Победниците од двете групи помеѓу првите четири екипи напредувале во финалето; преостанатите шест екипи биле пласирани според нивните времиња од првото коло, додека двете најдобри екипи се натпреварувале за бронзата.[2]
Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 | ||||
---|---|---|---|---|
Друмски велосипедизам | ||||
Друмска трка | мажи | жени | ||
Хронометар | мажи | жени | ||
Велодромски велосипедизам | ||||
Спринт | мажи | жени | ||
Екипен спринт | мажи | жени | ||
Кеирин | мажи | жени | ||
Екипна потера | мажи | жени | ||
Омниум | мажи | жени | ||
Планински велосипедизам | ||||
Крос-кантри | мажи | жени | ||
BMX | ||||
BMX | мажи | жени |
Екипата од Велика Британија составена од Даниеле Кинг, Лаура Трот и Џоана Роусел го освоила златниот медал со време подобро од светскиот рекорд. Вклучувајќи ги и трките пред Олимпијадата, како и самата трка во финалетот, тие шестпати го подобриле светскиот рекорд, секогаш подобро од минатата трка.[3]