Бијонсе Ноулс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бијонсе Жизел Ноулс (англиски: Beyoncé Giselle Knowles), родена на 4 септември 1981 година, најдобро позната само како Бијонсе, е американска Р&Б пејачка, текстописец, продуцент, глумица и моден творец. Родена и израсната во Хјустон, Тексас, таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и уште од мала била изложена на натпревари по пеење и танцување. Ноулс станува славна во доцните ‘90-ти како главен вокал на женската група Дестинис Чајлд.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Бијонсе Ноулс Beyoncé Knowles | |
---|---|
Основни податоци | |
Родено име | Бијонсе Жизел Ноулс |
Роден(а) | 4 септември 1981(1981-09-04) (42 г.)[1] |
Потекло | Хјустон, Тексас, САД |
Жанр(ови) | R&B, поп |
Занимање/ња | пејач-текстописец, глумица |
Инструменти | волак |
Години на активност | 1997–сега |
Продукциска куќа/ќи | Columbia Records |
Мрежно место | BeyonceOnline.com
потпис |
За време на паузата на Дестинис Чајлд, Ноулс го издаде својот прв соло албум, Dangerously in Love, во јуни 2003 година. Dangerously in Love ги создаде број-еден хитовите: „Crazy in Love“ и „Baby Boy“. Албумот стана еден од најуспешните албуми таа година. Тој ѝ донесе на Ноулс пет Греми награди во 2004 година и неговиот прием ја докажа нејзината изводливост како соло артист. Растурањето на Дестинис Чајлд во 2005 година го олеснија нејзиниот постојан успех: таа го издаде својот втор соло албум, B'Day, во 2006. Албумот се искачил на првото место на табелата Билборд 200 и од него произлегле сингловите „Irreplaceable“ и „Beautiful Liar“. Нејзиниот трет соло албум, I am… Sasha Fierce, беше издаден во ноември 2008 година и ги вклучува хитовите: „If I Were a Boy”, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ и „Halo”. Албумот ѝ донел шест награди на 52. Греми награди, со што го срушила рекордот на најмногу освоени Греми Награди од женски артист за една ноќ.[2][3]
Успехот на нејзините соло албуми ја оформи Ноулс како еден од најпродаваните артисти во музичката индустрија. Таа ја започна својата глумечка кариера во 2001 година, појавувајќи се во мјузиклот Кармен: Хип Хупера. Во 2006 година, ја играше главната улога во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј, Dreamgirls, за кој заработила две номинации за Златен Глобус. Во 2004 година, Ноулс ја лансираше својата семејна модна линија, House of Deréon, и беше ангажирана да потпише брендови како Песпси, Томи Хилфигер, Армани и Лореал. Во јуни 2010, Ноулс била рангирана на второто место на списокот на 100 Најмоќни и Највлијателни познати луѓе во светот од Форбс,[4][5] и на првото место на нивниот спусок на Намочни и Највлијателни музичари во светот.[6]
Ноулс има добиено многу награди и пофалби. Таа е една од најпочестените артисти на Греми Наградите и трета меѓу женските артисти,[7] со 16 Греми Награди[8] – 13 како соло артист и 3 како член на Дестинис Чајлд.[9] Ноулс била рангирана на четвртото место на декадата од 2000-тите од Билборд[10] и била вклучена како една од најуспешните женски артисти на декадата, како и топ радио артист на декадата.[11] Американската Снимачка Индустриска Асоцијација (RIAA), исто така ја ранкирала Ноулс меѓу првите сертифицирани артисти на декадата.[12][13] Ноулс има продадено повеќе од 118 милиони плочи низ целиот свет, од кои 11.2 милиони албуми и 25 милиони синглови има продадено само во САД од мај 2010. Од септември 2009, таа продала 75 милиони албуми ширум светот, со што станала еден од најдобро продаваните музички артисти на сите времиња.[14]