If I Were a Boy
From Wikipedia, the free encyclopedia
„If I Were a Boy“ е поп песна снимена од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс. Компонирана е од Тоби Гад и Биси Џин. Џин веднаш снимила своја верзија на песната, но била одбиена од нејзината снимачка компанија. Ноулс потоа снимила нова верзија за нејзиниот трет студиски албум, I Am... Sasha Fierce (2008). Песната била издадена како водечки сингл од албумот до радијата во САД на 12 октомври 2008 заедно со „Single Ladies (Put a Ring on It)“. Шпанската верзија на песната е насловена „Si Yo Fuera un Chico“ и е вклучена во албумот кој се продавал ексклузивно во iTunes Store во Шпанија и Мексико.
„If I Were a Boy“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||
Сингл од Бијонсе | |||||
од албумот I Am... Sasha Fierce | |||||
Страна А | „Single Ladies (Put a Ring on It)“ | ||||
Издаден | 12 октомври 2008 | ||||
Текстописец | Биси Џин, Тоби Гад | ||||
Формат | ЦД сингл, макси сингл, спуштање | ||||
Снимен | 2008 | ||||
Жанр | Поп, Р&Б | ||||
Должина | 4:08 | ||||
Издавачка куќа | Columbia | ||||
Продуцент | Тоби Гад, Бијонсе Ноулс | ||||
Хронологија на синглови на Бијонсе | |||||
|
„If I Were a Boy“ е поразлична од нејзините претходни песни бидејќи не е традиоционална Р&Б песна. Текстот на песната наведува на изразување на тага поради недоразбирањата меѓу половите и обвинение на машката страна во врската. Песната е единствена на I Am... Sasha Fierce за која Ноулс не помогнала во пишувањето. По нејзиното издавање, „If I Were a Boy“ била генерално добро-прифатена од музичките критичари кои ја пофалиле изведбата на Ноулс, емоционалните и страсните вокали и ја нарекле нејзина најдобра работа до денеска.
Синглот имал голем комерцијален успех, заземајќи ги првите места на табелите во преку осум европски земји како и на третото место на Билборд Хот 100 во САД. Исто така се искачил на првото место во Обединетото Кралство со што станал најдобро продаваниот сингл на Ноулс до денес. Освоил мулти-платинеста сертификација во Австралија, во Канада, во Данска, во Нов Зеланд, во Шпанија, во Швајцарија и во Обединетото Кралство.
Музичкото видео за песната е режирано од Џејк Нава во црно-бела техника. Видеото било премиерно покажано заедно со „Single Ladies“ на шоуто Total Request Live на MTV на 13 октомври 2008. Постои и видео за шпанската верзија на песната. Песната била промовирана од страна на Ноулс за време на неколку настапи во живо во телевизиски емисии вклучувајќи ја изведбата на The Oprah Winfrey Show, на неколку церемонии, вклучувајќи ги 52рите Греми Награди и нејзината светска турнеја I Am... Турнеја. „If I Were a Boy“ била преработена од американската кантри пејачка Риба Мекентајр за телевизиската програмаCMT Unplugged и студио верзија била издадена како втор сингл од нејзиниот албум од 2010, All the Women I Am.