Бинц
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бинц (германски: Binz) — општина и најголемо приморско одморалиште на островот Риген. Административно припаѓа на округот Западна Померанија-Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Бинц | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Градоначалник | Хорст Шауман |
Основни податоци | |
Површина | 25,22 км2 |
Надм. височина | 7 м |
Население | 5.545 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 220 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | RÜG |
Пошт. бр. | 18609 |
Повик. бр. | 038393 |
Портал | www.gemeinde-binz.de |
Местоположба на Бинц во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
Координати | 54°24′N 13°36′E |
Се наоѓа помеѓу заливот Прорер Вик (Prorer Wiek) и Шмахтерското Езеро (Schmachter See) во југоисточниот дел на островот. На север од Бинц се протега Шмале Хајде, теснец кој го поврзува средишниот дел на Риген Мутланд со полуостровот Јазмунд. Земјата на југ и на исток од Бинц е ридесто, достигнувајќи височина од над 100 метри надморска височина.
Бинц е познат по неговата волшебна и добро зачувана историска бањска архитектура и природниот пејзаж, близу Националнио парк Јазмунд и неговите карпи од креда.
Бинц се наоѓа на источниот брег на островот Риген помеѓу заливот Прорер Вик и Шмахтерското Езеро. Северно од Бинц е Шмале Хајде, теснец кој го поврзува Мутланд, средишниот дел на Риген, со полуостровот Јазмунд. Источно и јужно од општината, земјата е променлива, на југоистокот е Границ, каде надморската височина се искачува до 100 метри. Одморалиштето Прора припаѓа на Бинц.
Годишните врнежи изнесуваат 611 мм и се релативно ниски, помеѓу најмалите износи во Германија. Само на 23% на Германската временска служба се забележани пониски вредности. Најсув месец е февруари, додека најмногу дожд паѓа во јули. Во јули паѓа 1,9 пати повеќе дожд отколку во февруари. Врнежите се разликуваат многу малку и подеднакво се распоредени во годината. Само на 10% од временските станици се забележани пониски сезонски варијации.
Во 1318, местото било првпат споменато како Бинце (Byntze ). Јадрото на населбата било во средината на денешните улици Банхофштрасе и Рабенштрасе. Покрај тоа постеле фарми во Границ-Хоф и Албек. Црквата и центарот на парохијата бил Цирков.
Прв знак за неговото понатамошно значење како балтичко одморалиште се појавил околу 1830, кога гостите на принцот од Путбус се капеле на устието на Албек (истек на Шмахтерското Езеро). Во 1835 било изградено училиште. Околу 1850, селаните на Бинц ја купиле земјата од принцот на Путбус.
До 1326, селото било дел од Кнежевството Риген и потоа од Војводството Померанија. Со Вестфалскиот мир од 1648, Риген, а со тоа и Бинц, станале дел од Шведска Померанија. Во 1815 Бинц станал дел од пруската Покраина Померанија.
Од 1818 до 4 септември 2011, Бинц припаѓал, со еден мал исклучок (1952–1955 Округ Путбус) на округот Риген.
Околу 1875, капењето во морето станало мода. Првите гости кои пристигнале во малата населба Бинц имале добар одмор и го препорачале на други. Истата година бил изграден првиот пат кој го поврзал селото со плажата. Десет години подоцна, Бинц службено станал бања, со што се влегло во градежен циклус: шеталиште на плажата, крајбрежна патека, бања (Kurhaus), нова мрежа на патеки и врска со железницата со тесен колосек. Околу 1870 дошле околу 80 капачи. До крајот на XIX век не биле изградени големи хотели или други сместувачки капацитети на балтичкиот брег; наместо биле биле градени вили со бањска архитектура. Им биле доделувани националистички имиња како „Германија“ или имиња на семејните членови, често имињата на жените на градителите. Во 1876 бил изграден првиот хотел. Во 1880, Вилхелм Клиндер го изградиле првиот хотел близу плажата.
Во 1888 било основано претпријатието АД Бања Балтичко Море Бинц (Aktiengesellschaft Ostseebad Binz), кое во 1890 ја отворила првата бања, Kurhaus Binz, но била затворена во 1891. Во 1892 на Бинц му бил доделен статусто на слободна општина.
Околу 1896, бродската компанија Бројнлих ги поврзала Штетин, Бинц и Засниц едни со други. Ова следело со нов градежен циклус. Во 1893 биле изградени првата бања и Кајзерхоф (Kaiserhof). Во 1895 започнала изградбата на железницата со тесен колосек Риген од Путбус до Бинц, како и отворањето на шеталиштето на плажата. Во 1898 била изградена првата пошта. На плажата биле создадени одвоени базени за мажи и жени. Во 1902 била изградена крајбрежна патека, долга 600 метри. Други инфраструктурни проекти биле изградба на водовод и канализација (1903) и електрична енергија (Jasmunder Straße).
Крајбрежната патека била уништена од бура на новогодишната вечер во 1905, додека бањата била опожарена во 1906. По обновата на крајбрежната патека во 1908, била изградена и нова бања. Во исто време бил изграден заеднички семеен базен. Во 1912 дел од крајбрежната патека се срушила, загинувајќи 17 луѓе. Потоа, во 1913 во Лајпциг, бил создаден Германскиот Сојуз за спасување.
Во 1913 била осветена евангелистичката црква, а во 1928 била отворена новата пошта. Постепено бањите на плажата биле затворани. Во 1922 бил срушен машкиот базен, а во 1932 и останатите.
Во 1937 започнала изградбата на одморалиштето на организацијата „Сила преку радост“ во Прора. Било планирано да биде најголемото приморско одморалиште во Европа. Стандардната железничка линија била изградена во 1938, а линијата од Бинц до раскрсницата кај Лицов била отворена во 1939. Во текот на зимата 1942, крајбрежната патека била повторно уништена, овој пат од мраз.
Во 1950 завршила изградбата на комплексот во Прора и зградите биле користени како касарни на Народната полиција. Подоцна, тие биле користени како касарни и за Националната народна армија. Железничката линија помеѓу Бинц и Лицов била повторно отворена во 1952.
Во 1953, владата на Источна Германија ја започнала акцијата „Роза“. Ова било името за програмата со која приватните хотели и гостилници биле одземени и станале општествени. Овие компании биле предадени на Слободните германски синдикати и овие хотели биле користени од нивните членови за евтини одмори.
По 1972 биле изградени повеќе капацитети за потребите на синдикатите. Помеѓу 1950-тите и 1985 изгледот на становите биле карактеристичен за ГДР, односно станбени блокови, кои биле изградени на север или запад од градот.
По повторното обединување на Германија, Бинц поминал низ драматични промени. Многу од вилите биле вратени на нивните претходни сопственици, а општината се обновувала и модернизирала. Поранешните капацитети на ГДР биле приватизирани и обновени. Во 1994 била отворена нова крајбрежна патека, долга 370 метри.
Помеѓу бројните хотели и вили од почетокот на XX век во центарот на градот и долж плажата, главни знаменитости се крајбрежната патека, замокот Границ од средината на XIX век и огромниот комплекс Прора северно од градот.
Железничката станица Бинц се наоѓа на крајот на стандардната линија на Германските железници од Штралзунд преку Берген на Риген. Бинц е исто така поврзан со соседните градови Путбус, Зелин, Бабе и Герен преку железницата со тесен колосек.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.