Авари
From Wikipedia, the free encyclopedia
Авари — евроазиски номади за кои сѐ уште нема официјална потврда од каде точно потекнуваат[11][12][13][14][15], иако се претпоставува дека имаат туркиско потекло. Овој народ живеел покрај Панонската низина во околу 6 век до 9 век[16], каде имал изградено своја држава. Најголем нивни поход бил Опсадата на Цариград од 7 век.
Панонски Авари | |||||
Царство | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Аварскиот Хаганат околу 582–612 година. | |||||
Главен град | неукажан | ||||
Јазици |
| ||||
Вероисповед | Првично шаманизам и анимизам, христијанство по 796 година | ||||
Уредување | Ханат | ||||
Хаган | |||||
Историја | |||||
- | Основана | 567 | |||
- | Поразени од Пепин Италијански | 796 | |||
- | Замрела | по 822 година[9] | |||
Во почетокот на 8 век, Аварите доживеале голем пораз од страна на франкискиот крал Карло Велики, каде по таа битка нивната држава започнала да се распаѓа. Со доаѓањето на Словените, се претпоставува дека голем дел се преточиле во нив. Денеска, постојат Кавкаски Авари кои живеат во Русија и Азербејџан.[17][18][19]
Јазикот или јазиците што ги зборувале Аварите денес се непознати[11][13][14][15]. Класичниот филолог Самуел Садецки-Кардош наведува дека повеќето од зборовите на Аварите употребени истовремено со латински или грчки текстови, се чини дека имаат потекло од монголскиот јазик.[20] Други теории сметаат дека има тунгуско потекло[21]. Според Садецки-Кардос, многу од титулите и редовите што ги користеле панонските Авари ги користеле и Туркијците, Прабугарите, Ујгурите и Монголците, како на пример каган, кан, кадхан, тудун, тархан и хатун[20]. Меѓутоа, постојат докази дека владејачките кланови зборувале на различни јазици, како кавкаски[13], ирански[3], тунгуски[22][23][24][25], унгарски и туркиски[26][27]. Неколку научници сугерираат дека прасловенскиот јазик станал лингва франка на Аварскиот каганат[28]. Според Ѓула Ласло, кон крајот на 9 век панонските Авари зборувале со разни стари унгарски јазици, со што формирале аваро-унгарски континуитет со тогаш новодојдените Унгарци[29].