Јулија Крстева
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јулија Крстева (бугарски: Юлия Кръстева; родена на 24 јуни 1941) — бугарско-француски филозоф, книжевен критичар, психоаналитичар, феминист и од неодамна, романописец. Крстева живее и работи во Франција уште од 1960-ите. Во моментов е професорка на универзитетот Париз-Дидро. Крстева е исто така основач и управител на комитетот за доделување на наградата Симон де Бовоар.[2]
Јулија Крстева | |
---|---|
Јулија Крстева во Париз, 2008 | |
Роден(а) | Юлия Кръстева 24 јуни 1941(1941-06-24) (83 г.) Сливен, Бугарија |
Седиште | Франција |
Националност | Французинка / Бугарка |
Установа | Софиски универзитет |
Сопружник | Филип Солерс |
Награди |
|
Мреж. место | kristeva.fr |
Период | Современа филозофија |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | |
Претежна дејност | |
Значајни идеи | Природата на абјектот |
Влијанија од
| |
Крстева достигнува меѓународна слава по објавувањето на првата книга, Semeiotikè, во 1969. Нејзиното големо животно дело брои книги и есеи на темите како интертекстуалноста, семиотиката и идејата за абјектот, во полето на лингвистиката, книжевната теорија и критика, психоанализата, биографијата и автобиографијата, политичката и културната анализа, уметноста и историјата на уменоста.