Михаил Бахтин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Михаил Михаjлович Бахтин (руски: Михаи́л Миха́йлович Бахти́н; 17 ноември 1895 , Орјол – 7 март 1975 ) — руски филозоф, книжевен критичар, семиотичар и академик кој работел во областа на книжевната теорија, етика и филозофијата на јазикот според приодот на рускиот формализам. Неговите дела, кои опфаќаат широк спектар теми, инспирирале научници од голем број различни традиции (марксизам, семиотика, структурализам, религиозна критика) и во различни дисциплини, како што се книжевната критика, историјата, филозофијата, антропологијата и психологијата. Иако Бахтин бил активен во естетските и книжевните дебати кои се одвивале во Советскиот Сојуз во 1920-тите, неговата посебна позиција не била позната сè додека не бил повторно откриен од руските научници во 1960-тите. Преводот на неговите дела на голем број јазици во 1960-тите, 70-тите и 80-тите години го направи една од највлијателните фигури во хуманистичките науки.
Михаил Бахтин | |
---|---|
Михаил Бахтин во 1920 г. | |
Роден(а) | 17 ноември 1895(1895-11-17) Орјол, Руска Империја |
Починал(а) | 7 март 1975(1975-03-07) (возр. 79) Москва, Руска СФСР |
Период | Филозофија на XX век |
Подрачје | руска филозофија |
Школа | руски формализам |
Претежна дејност | семиотика, книжевна критика |
Значајни идеи | разноречие, хронотоп, карневалеска |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
| |