Шенхајде
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шенхајде (германски: Schönheide) — општина во саксонскиот округ Рудни Планини, кој се наоѓа на западните Рудните Планини и бил основан како индустриско село.
Шенхајде | |
Општинско собрание во Шенхајде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Рудни Планини |
Градоначалник | Каи Вилхелм |
Основни податоци | |
Површина | 28,10 км2 |
Надм. височина | 700 м |
Население | 4.289 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 153 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ERZ |
Пошт. бр. | 08304 |
Повик. бр. | 037755 |
Местоположба на Шенхајде во рамките на округот Рудни Планини | |
Координати | 50°30′13″N 12°31′25″E |
Шенхајде е пет километри долг и се наоѓа во западниот дел на округот Ерцгебиргскрајс, главно во долината на реката Мулде, која ја создава општинската јужна граница. На север се наоѓа Штиценгрин, на исток и југоисток Ајбеншток, на запад Ауербах и Родевиш и на северозапад Штајнберг.
Шенхајде има четири дела, именувани како: Шенхајде, Шварцвинкел, Нојхајде и Вилџхаус. Самиот Шенхајде е поделен на Обердорф, Хајнцвинкел, Мителдорф, Веберсберг и Шенхајдерхамер. Вилџхаус се наоѓа во долината на реката Мулде.
Највисока точка е der Knock на 767 метри.
Првите докази за постоење на областа Шенхајде биле на Урбан Менел, кој го спомнал во текот на една посета од 1537. Пет години подоцна, дванаесет жители биле забележани во документите Fürstenverzeichnis од Шнеберг. Постепено во 1549, селото Шенхајде добило над 20 домаќинства.
Во 1563, селото било продадено на Ветинската династија. Во 1566, кога биле основани работилниците за топење на железото, кои сè уште работат. Во 1596, била изградена првата црква, но нејзината камбанарија паднала во 1764, убивајќи еден човек. Во 1669, започнал со работа занаетчискиот еснаф.
Селото било поврзана со железница кај Шенхајдерхамер и Вилџхаус, кога се изградила железничката линија Хемниц-Ауе-Адорф. Помеѓу 1880 и 1900, бројот на подигнати јавни згради, кои се во функција и денес, вклучувајќи го градското собрание (1882), поштата (1891), Hauptschule (1856–98), фабриката Флемингс (1896) и вилите Ленкс (околу 1900). Во 1893, изградбата на пругата со тесен колосек од Вилкау-Хаслау до Карслфелд довела до отворање на дополнителни три железнички станици.
Од 1914 до 1945 се раширила невработеноста и сиромаштијата низ Рудните Планини, па така Шенхајде не бил исклучок, поради ударот од двете светски војни и настанатата економска криза.
Во 1974, започнала изградбата на акумулацијата Ајбеншток и била поплавена железничката линија помеѓу Блауентал и Шенхајде Ост. Следната година пругата со тесен колосек била напуштена, а единствена мал дел е задржан како музејски експонат.
Од германското обединување во 1990, инфраструктурата во селото била обновена. Меѓутоа, многу бизниси биле затворени и невработеноста била зголемена.
Проценето население[2]:
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1960 | 8.980 | — |
1998 | 5.786 | −35.6% |
1999 | 5.740 | −0.8% |
2000 | 5.662 | −1.4% |
2001 | 5.556 | −1.9% |
2002 | 5.451 | −1.9% |
2003 | 5.381 | −1.3% |
2004 | 5.351 | −0.6% |
2005 | 5.316 | −0.7% |
2006 | 5.283 | −0.6% |
Од општинските избори во 1994, CDU има десет мандати, Изборната група четири, PDS две и SPD еден.
Шенхајде одржува партнерства со Бад Рапенау, Берфелден, Зулцбах (Таунус) и Нидлинген, од кои тоа со Зулцбах е најактивно.
Познати места за посета се:
Спортски објекти во општината се:
Секоја година во ран септември, се одржува Bürstenfest („Фестивал Четка“), а во јули е уличниот фестивал во Hauptstraße, која е затворена поради настанот. Секоја година на вториот викенд во октомври, се одржува и Kermis („Црковен фестивал или прослава“), а во средината на август се одржува и фестивалот на пожарникарските семејства во доброволната противпожарна брига. Heimatmuseum исто така одржува сопствен фестивал.
Локалната стопанска комора го организира Пролетниот фестивал (Frühlingsfest) од 30 април до 1 мај, а од 2006 2006, соработува со стопанските комори од соседните општини за одржување на годишна изложба на локалните бизниси.
До 1975, општината била поврзана со железница со линијата Хемниц-Ауе-Адорф и со пругата со тесен колосек Вилкау-Хаслау-Карлсфелд. Денес, најважната траса е сојузниот автопат 283 во долината на Мулде.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.