Челопеци
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Челопеци — средно село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, сместено на патот помеѓу градовите Кичево и Македонски Брод.
Челопеци | |
Поглед кон Челопеци | |
Координати 41°28′21″N 21°1′42″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Рабетинкол |
Население | 287 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6258 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12077 |
Надм. вис. | 620 м |
Слава | Илинден Атанасовден |
Челопеци на општинската карта Атарот на Челопеци во рамките на општината | |
Челопеци на Ризницата |
Се претпоставува дека името е добиено бидејќи селото секогаш било на „чело“, односно пред другите села.[2]
Селото се наоѓа во Кичевската Котлина, во областа Рабетинкол, во источниот дел на територијата на Општина Кичево, непосредно до патот Кичево-Македонски Брод.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 620 метри. Од градот Кичево селото е оддалечено 9 километри.[3] Сместено е помеѓу планините Добра Вода и Песјак.
Селото се наоѓа во подножјето на возвишувањето Голјак од северозапад и низината околу Треска од југоисток. Местоположбата на селото му овозможила стопанска корист, поради можноста за користење на шумите и пасиштата на повисокиот дел од атарот, а во низината да ги обработуваат нивите.[4]
Месностите во низинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Белостено, Камејнца, Зад Водејнца, Преку Река, Лаг, Злато Поле, Ливади, Долни и Горни Душец, Меѓа, Марин Дол, Агои Ливади, Трајчејца и Црешна. Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Марина Чешма, Бела Вода, Рамна Краста, Бел Коњ, Темно, Црн Кањем, Голема Кутлина, Рамниште, Присој, Радежи, Емров Даб, Емров Камен, Долои, Ѓубриште, Нивишта, Страње, Грујоа Нива, Прелоиште, Капина и Огради.[4]
Челопеци е поделено на три маала: Горно, Средно и Долно. Во Горно и Долно се населени Торбеши, додека во Средното Маало живеат православните Македонци. Роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга. Селото има збиен тип.[4]
Во историските извори, селото под името Челопек се споменува во втората половина на XV век во турските пописни дефтери, кога броело 42 словенско-христијански куќи,[4] во кои живееле 38 семејства, 3 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[5]
Преданието говори дека старото село се наоѓало во месноста Прелоиште, 500 метри над денешната местоположба. Таму се наоѓа изворот Долец и има ѕидови од куќи. Недалеку од селиштето има месноста Трајчео Трло, а токму Трајче бил еден од мештаните во селото. Во селиштето имало и црква, а селски гробишта имало на повеќе места. Едни такви гробишта се наоѓаат и кај денешната црква.[4] Преданието кажува дека селото се преместило откако Крал Марко го испуштило езерото да истече од Кичевската Котлина.[2]
На денешното место селото се префрлило на крајот на XVIII или почетокот на XIX век. Први се преселиле Стојанци, а потоа следеле и други македонски родови. Од средината на XIX век во селото започнале да се населуваат торбешки родови.[4]
Во XIX век, Челопеци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
До 1880 година, селото било чифлиг на некој крушевски Влав, Мијалче. Таа година бил убиен на патот за Кичево кај селото Бигор Доленци.[4]
На 12 септември 1944 година во близина на селото била создадена Петнаесеттата македонска ударна бригада.[6]
Атарот зафаќа простор од 7,1 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 271 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 265 хектари, а на шумите 141 хектар.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Земјиштето во селото во текот на XIX век, најпрвин било поседувано од крушевчанецот Мијалче, а по неговото убиство во 1880 година преминало на некои кичевски Торбеши. Тие ја поседувале земјата до крајот на Првата светска војна, која земјата ја купиле Македонците од Челопеци и другите околни села.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото Челопеци имало 29 домаќинства со 120 жители христијани (Македонци).[7]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 390 жители, од кои 290 христијани и 100 муслимани, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Челопеци имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Челопеци се води како чисто македонско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[10]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Челопеци:[11]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
34 | 46 | 17 | 0 | 17 | 89 | 92 | 181 |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[12]
Селото во 1961 година броело 421 жител, од кои 218 биле Македонци, а 202 Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 388 жители, од кои 315 Турци, 62 Македонци, 8 Албанци и 2 Срби.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Челопеци живееле 318 жители, од кои:[13]
*Населението е од македонско потекло со исламска вероисповед како што наведуваат историските податоци, но поради политички причини дел од населението се изјаснило како Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 287 жители, од кои 9 Македонци, 9 Албанци, 221 Турчин, 3 Бошњаци и 45 лица без податоци.[14]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Челопеци:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 576 |
1953 | 281 | 0 | 332 | 2 | 0 | 5 | — | 620 |
1961 | 218 | 0 | 202 | 0 | 0 | 1 | — | 421 |
1971 | 171 | 4 | 205 | 1 | 0 | 13 | — | 394 |
1981 | 138 | 4 | 125 | 3 | 0 | 144 | — | 414 |
1991 | 77 | 1 | 336 | 0 | 0 | 0 | — | 414 |
1994 | 62 | 8 | 315 | 2 | 0 | 1 | — | 388 |
2002 | 31 | 10 | 276 | 0 | 0 | 1 | — | 318 |
2002 | 9 | 9 | 221 | 0 | 3 | 0 | 45 | 287 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Челопеци е македонско-торбешко село. Сите родови се доселенички.[4]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[2]
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орланци, во која покрај селото Челопеци, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани и Светораче. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Челопеци, заедно со селата Лисичани, Миокази, Орланци и Челопеци.
Во селото постои избирачкото место бр. 0813 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 385 гласачи.[16]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 388 гласачи.[17]
Личности родени во Челопеци:
Од православните Македонци иселеници има во Белград, Земун и Суботица, се иселиле околу 10 семејства. Тоа се иселеници од времето помеѓу двете светски војни. После Втората светска војна, иселеници има во Кичево и Скопје.[4]
Од Торбешите (Македонци-муслимани) иселеници има во Турција. Таму во периодот од 1959 и 1960 година се иселиле 25 семејства. Нивните потомци денес се наоѓаат во Едрене, Истанбул, Луле-Бургас и Ада-Пазар.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.