Јагол
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Јагол — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.
Јагол | |
Поглед на селото | |
Координати 41°37′40″N 21°3′20″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Горно Кичево |
Население | 215 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6254 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12026 |
Надм. вис. | 800 м |
Јагол на општинската карта Атарот на Јагол во рамките на општината | |
Јагол на Ризницата |
Името на селото има старословенско потекло и доаѓа од „агол“ што означува конец, крај, ќоше. Може да има и турско потекло и да доаѓа од „агил“ со значење кошара.[2]
Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во североисточниот дел на Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 800 метри. Од градот Кичево е оддалечено 15 километри.[3]
Селото се наоѓа во подножјето на планината Буковиќ и се наоѓа во непосредна близина на соседното село Јагол Доленци. Други околни села се: Бериково на север и Поповјани на југ.[4]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Кошариште, Драгушица, Влаиница, Осојница, Грамаѓе, Гавраник, Раделица, Рамниште, Странка, Каменица, Поле, Црква, Засврдел, Ѓурчевци и Горица.[4]
Селото има збиен тип и е поделено на два дела: западен со македонско и источен со албанско население.[4]
Јагол е старо село во Кичевската Котлина и во него има староседелски македонски родови. До почетокот на XIX век, Јагол било само македонско село.[4]
Според османлиски документи, во 1747 - 1748 година, жители на Букојчани воделе тужби против жителите и спахијата на селата Јагол и Строгомиште (Горно и Долно), кои завладеале со пасиштата на Букојчани.[5]
Месноста Ѓурчевци се наоѓа 15 минути пеш западно од селото, каде некогаш водел стариот пат Кичево-Гостивар. Таму се наоѓал ан, а постоеле и неколку куќи. Поради зулуми, народот се иселил, а денес таму се наоѓаат ниви.[4]
На почетокот на XIX век, во Јагол се доселиле три арбанашки домаќинства, кои потекнува од ист предок од некое село Морач во Албанија. Од таму избегале поради крвна одмазда. Овие Арбанаси почнале да прават злочини откако добиле земја од Македонците.[4]
Во XIX век, Јагол било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Атарот е мал и зафаќа простор од 5,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 202 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 173 хектари, а на шумите 143 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото Јагол имало 43 домаќинства со 100 жители муслимани и 64 христијани.[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 270 жители, од кои 160 Македонци и 110 Албанци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Јагол имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Јагол се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[9]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Јагол:[10]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
15 | 27 | 31 | 13 | 44 | 26 | 36 | 62 |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Албанци.[11]
Јагол е средно село по големина, чиј број на населението многу не се променил. Така, во 1961 година Јагол броел 366 жители, од кои 251 биле Албанци, а 113 жители Македонци, а во 1994 година броело 362 жители, од кои 351 Албанец, а 11 жители Македонци.[3]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Јагол, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Јагол живееле 406 жители, од кои: 4 Македонци, 399 Албанци и 3 останати.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 215 жители, од кои 5 Македонци, 202 Албанци и 8 лица без податоци.[13]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Јагол:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | 398 |
1953 | 165 | 221 | 2 | 5 | 1 | — | 394 |
1961 | 113 | 251 | 0 | 0 | 2 | — | 366 |
1971 | 77 | 286 | 0 | 1 | 1 | — | 365 |
1981 | 22 | 326 | 0 | 1 | 3 | — | 352 |
1991 | 11 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 11 |
1994 | 11 | 351 | 0 | 0 | 0 | — | 362 |
2002 | 4 | 399 | 0 | 0 | 3 | — | 406 |
2021 | 5 | 202 | 0 | 0 | 0 | 8 | 215 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Јагол е мешано православно-муслиманско село. Во селото староседелци се само православните Македонците.[4]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[14]
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Јагол Доленци, во која покрај селото Јагол, се наоѓале и селата Бериково, Јагол Доленци, Папрадиште, Поповјани и Туин. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Доленци, заедно со селата Бериково, Доленци, Јагол, Папрадиште и Поповјани.
Во селото постои избирачкото место бр. 0798 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 332 гласачи.[16]
Личности родени во Јагол:
Од Македонците има доста иселеници, како постари, така и во поново време, поради што има иселено од сите родови. Иселеници главно има во Кичево, Тетово, Скопје, Белград, Видин и на други места. За поединечни родови се знае: Стамевци (1 к.) отишле во соседното Поповјани, Спасеновци (2 к.), отишле во селото Челопеци. Иселувањето на македонското население по Втората светска војна се засилило, поради што македонското маало е скоро целосно празно.[4]
Кај Албанците има отселени само три домаќинства: две во Поповјани и едно во Кичево.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.