From Wikipedia, the free encyclopedia
Физиката (од грчки: φυσικός, фисикос, природно и φύσις, фисис, природа)[1][2] — природна наука која ги изучува општите и фундаментални закономерности кои ја определуваат градбата и еволуцијата на материјалниот свет.[3] Физиката е егзактна наука, што значи дека се занимава со пронаоѓањето на количествен опиc на природните појави. Физиката се основа на теории кои даваат јасни и мерливи предвидувања. Како физички се сметаат само експериментални резултати кои можат да бидат независно добиени. Таквите резултати можат да потврдат или да отфрлат дадена физичка теорија. Теоретската и експерименталната физика се тесно поврзани - понекогаш развитокот на физичките теории мотивира спроведување на нови експерименти, а понекогаш новите експериментални податоци го провоцираат создавањето на нова теорија. За изучувањето на природните појави овие две активности се од еднаква важност.
Значењето на физиката во современиот свет е огромно. Новите нејзини идеи и достигнувања водат до развиток на другите науки и до нови научни откритија, кои од своја страна наоѓаат примена во техниката и промисленоста. На пример, истражувањата во областа на електромагнетизмот водат до појавата на телефонот, електромоторот, возовите кои се движат со помош на махнетни сили (магнетнолебдечки); откритијата во областа на термодинамиката ја прават можна изградбата на автомобилот, додека развитокот на радиоелектрониката доведува до појавата на компјутерите.
И покрај неверојатното количество на собрани познавања за светот, човечкото разбирање за процесите и појавите непрекинато се менува и развива, новите истражувања поттикнуваат нови и нерешени прашања за кои се потребни нови објаснувања и теории. Во таа смисла, физиката е во непрекинат процес на развиток и е сè уште далеку од можноста да ги објасни сите природни појави и процеси.
За првпат поимот физика е користен од древногрчкиот филозоф и учен Аристотел во IV век п.н.е. Физиката е една од најстарите области на знаењето[4], макар што во древноста таа не биле оформена како одделна наука. Долго време физиката и филозофијата се употребувале како синоними.
Експерименталната физика започнала со експериментите во статиката од страна на средновековните исламски физичари како ел-Бируни и ел-Хасан.
Како резултат на научната револуција од XVI-XVII век физиката се осамостојува како посебна наука. Класичната физика станала посебна наука кога научниците започнале да користат експериментални и квантитативни методи со кои откриле тоа што денес е познато како закони во физиката. Кеплер, Галилео и Њутн откриле различни закони за движењето. За време на индустриската револуција како што се зголемувала потребата за енергија, довело до откривање на нови закони во термодинамиката, хемијата и електромагнетизмот.
Современата физика започнува со работата на Алберт Ајнштајн за релативноста и квантната механика.
Теорија | Основни оддели | Поими |
---|---|---|
Класична механика | Њутнови закони — Лагранжова механика — Хамилтонова механика — Теорија на хаосот — Хидродинамика — Механика на континуум | Супстанца — Простор — Време — Енергија — Движење — Маса — Должина — Брзина — Сила — Моќност — Работа — Закон за запазување — Момент на инерција — Аголен момент — Момент на сила — Бран — Дејство — Големина |
Електромагнетизам | Електростатика — Електрицитет — Магнетостатика — Магнетизам — Максвелови равенки | Електричен полнеж — Напон — Електрична струја — Електрично поле — Магнетно поле — Електромагнетно поле — Електромагнетно зрачење |
Термодинамика и статистичка физика | Топлинска машина — Молекуларно-кинетичка теорија | Температура — Болцманова константа — Ентропија — Слободна енергија — Термодинамичка рамнотежа — Статистички збир — Микроканонска распределба — Голема канонска распределба |
Квантна механика | Шредингерова равенка — Фајманов интеграл — Квантна теорија на полето | Хамилтонов оператор — Идентични честички — Планкова константа — Мерење — Квантен осцилатор — Бранова функција — Нулта енергија — Пренормирање |
Теорија за релативноста | Специјална теорија за релативноста — Општа теорија за релативноста | Принцип на релативноста — 4-вектор — Простор-време — Брзина на светлината — Тензор енергија-импулс — Крива простор-време — Црна дупка |
Физиката е мошне обемна наука која првобитно ги опфаќала сите денешни природни науки. Денес, иако од неа се издвоени одделни науки, таа сѐ уште не губи во својата опширност, што се должи на многуобразните појави кои ги проучува. Од оваа причина физиката е поделена на повеќе физички субдисциплини:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.