From Wikipedia, the free encyclopedia
Тода (தோதா) е дравидски јазик познат по големиот број на струјни и трепетни согласки. Ова е матичен јазик на народот Тода (~ 1.000 жит.) што живее во Нилгирските Ридови во јужна Индија.
Тода | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
தோதா (тōтā) | ||||||
Застапен во | Индија | |||||
Подрачје | Нилгирски Ридови | |||||
Говорници | 1.100[1] | |||||
Јазично семејство | дравидско
| |||||
Јазични кодови | ||||||
ISO 639-3 | tcx | |||||
|
Јазикот има шеснаесет самогласки, што е необично многу за дравидски јазик. Постојат осум вида на самогласки, секоја во долга и кратка варијанта. Разликата во самиот глас помеѓу кратките и долгите е мошне мала, освен кај /e/, што се јавува како [e] кога е кратка, а како [æː] кога е долга.
Јазикот тода има необичен број на струјни и трепетни согласки. Има дури седум места на творба - највеќе од сите дравидски јазици. Безвучните странични согласки се вистински струјни гласови, а не безвучни приближни согласки. Крајно необична е свиената странична согласка.
Безвучните струјни согласки алофонски се озвучуваат меѓусамогласно. (Постојат и неменливо звучни струјни согласки ʒ, ʐ, ɣ, но тие се маргинални) Носните гласови и /r̠, ɽ͡r, j/ алофонски се обезвучуваат или делумно обезвучуваат во крајна положба или кога стојат до безвучни согласки.
Уснени | Забно- венечни |
Врвнојазични венечни | Врвнојазични венечни (вдлабнати, т.н. „свиени“) |
Рамнојазични задновенечни (преднонепчено-венечни) |
Подјазични преднонепчени (свиени) |
Среднојазични преднонепчени | Заднонепчени | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Прости | Шушкави | Странични | Прости | Омекнати | Прости | Омекнати | Прости | Омекнати | Странични | ||||||
Носни | m | n̠ | ɳ | ||||||||||||
Избувни и слеани |
Безвучни | p | t̪ | ts̪ | t̠ | t̻ʃ | ʈ | k | |||||||
Звучни | b | d̪ | dz̪ | d̠ | d̻ʒ | ɖ | ɡ | ||||||||
Струјни | Безвучни | f | θ | s̪ | ɬ̪ | s̠ | ʃ | ʂ | (ɬ̢) | x | |||||
Звучни | ʒ | ʐ | (ɣ) | ||||||||||||
Трепетни | r̘ | r̘ʲ | r̠ | r̠ʲ | ɽ͡r | ɽ͡rʲ | |||||||||
Странични | l̪ | ɭ | |||||||||||||
Приближни | j | w |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.