американска пејачка (1971–1995) From Wikipedia, the free encyclopedia
Селена Кинтаниља-Перез (шпански: Selena Quintanilla-Pérez; 16 април 1971 – 31 март 1995), естрадно позната како Селена ― американска пејачка. Таа се нарекува „Кралица на техано-музиката“, а нејзиниот придонес во музиката и модата ја направил една од најпознатите мексиканско-американски музичари од крајот на 20-тиот век. Во 2020 година, магазинот Билборд ја ставил на третото место на нивниот список на „Најдобри латино-музичари на сите времиња“.[3] Медиумите поради нејзиниот избор на облека ја нарекувале „Техано Мадона“.[б 1] Таа, исто така, се вбројува меѓу највлијателните латино-музичари на сите времиња и придонела за катапултирање на техано-жанрот во забавната музика.[8][9]
Селена | |
---|---|
Роден(а) | Селена Кинтаниља април 16, 1971 Лејк Џексон, Тексас, САД |
Починал(а) | март 31, 1995 23) Корпус Кристи, Тексас, САД | (возр.
Причина за смрт | Убиство (прострелна рана) |
Споменици | Mirador de la Flor |
Други имиња | Селена Кинтаниља Перез[1][2] |
Занимање |
|
Сопружник | Крис Перез (в. 1992) |
Потпис | |
Страница q-productions.com |
Селена Квинтанила е родена на 16 април 1971 година во Лејк Џексон, Тексас.[10] Таа била најмало дете на нејзините родители.[11] Селена била воспитана како Јеховин сведок.[12] Во 1981 година, заедно со семејството се преселила во Корпус Кристи, каде што ја започнала нејзината музичка кариера. Нејзиниот татко, Абрахам Квинтанила Џуниор, бил пејач на групата Los Dinos од 1957 до 1972 година и го поттикнувал музичкиот талент на неговите деца. Селена, нејзиниот брат Абрахам Исак III (бас) и нејзината сестра Сузет (тапани) станале втора генерација на Los Dinos. Другите двајца членови на групата биле Рики Вела на клавијатури и Роџер Гарсија на гитара.[5][13][14] Селена своето прво појавување пред публика го имала на осум годишна возраст во мексиканскиот ресторан на нејзиниот татко во Лејк Џексон. Нејзините први снимки се направени на деветгодишна возраст. За време на нејзината младост, Селена често била на турнеи.
Нејзината популарност како пејачка брзо растела, а побарувачката за нејзини настапи и честите патувања почнале да го попречуваат нејзиното образование. Татко ѝ ја отпишал од училиште кога Селена била осмо одделение.[15] Гимназија завршила учејќи од далечина додека патувала низ земјата[10] и била примена на Државниот универзитет во Луизијана.[10] Се запишала на Универзитетот Пацифик Вестерн, и одбрала бизнис-администрација како насока.[16]
По успешните албуми Alpha и Muñequito de trapo (и двата 1986), Селена ја освоила наградата за музичар на годината на музичките награди Техано во 1987 година на 15-годишна возраст.[17]
До 1988 година, Селена објавила уште пет ЛП плочи; Alpha (1986), Muñequito de Trapo (1987), And the Winner Is... (1987), Preciosa (1988) и Dulce Amor (1988).[10]
Хозе Бехар од новоформираната издавачка куќа EMI Latin Records, ја забележал Селена како настапува на Техано музичките награди во 1989 година. Бехар барал нови латино-музичари и сметал дека ја открил „следната Глорија Естефан“, но неговиот претпоставен го нарекол Бехар нелогичен затоа што бил во Јужен Тексас помалку од една недела.[15] И покрај двојно поголемиот понуден хонорар од Sony Music Latin, татко ѝ ја избрал понудата од EMI Latin поради можноста за кросовер албум и сакал неговите деца да бидат првите музичари кои ќе потпишат за издавачката куќа.[18]
На 17 октомври 1989 година, Селена го издала нејзиниот прв албум под наслов Selena. Нејзиниот брат А.Б., станал нејзин главен продуцент и текстописец во поголемиот дел од нејзината музичка кариера.[19]
Истата година, Кока-Кола потпишала договор со Селена бидејќи ја сметала за соодветно лице за реклами насочени кон младата латино целна група и изработила неколку реклами со неа.[16] Џинглот кој бил користен во нејзините први две реклами за компанијата бил компониран од АБ и Крис Перез. Перез се приклучил на Selena y Los Dinos неколку месеци претходно како нов гитарист на групата.[20] Перез почнал да се вљубува во Селена, и покрај тоа што имал девојка во Сан Антонио.[20] Тие ги изразиле своите чувства еден кон друг во ресторанот „Пица Хат“ и набргу потоа станале двојка.[21] [20] Перез и Селена ја криеле нивната врска, плашејќи се дека Квинтанила Џуниор ќе се обиде да ја раскине.[20] [22]
Селена го издала нејзиниот втор студиски албум, Ven Conmigo, во септември 1990 година. Песната „Baila Esta Cumbia“ од овој албум станала една од најуспешните песни на Селена. Албимот бил многу популарен во Мексико, каде што бил сертифициран со платинест тираж, односно биле продадени 150.000 единици.[23][24]
Во мај 1992 година, Селена го издала нејзиниот трет студиски албум, Entre a Mi Mundo. Критиката го сметала албумот за нејзин „пробивен албум“.[25][26][27] Entre a Mi Mundo станал прв техано-албум од женски изведувач кој е продаден во преку 300.000 примероци.[б 2]
Една година по Entre a Mi Mundo Селена го објавила албумот Live!; албумот бил снимен за време на бесплатен концерт во Меморијалниот Колосеум во Корпус Кристи, на 7 февруари 1993 година.[10] На албумот имало претходно објавени песни кои биле отпеани во живо и три студиски снимки.[30] Live!!освоил награда Греми за најдобар мексикански/американски албум на 36тото доделување на Греми награди.[31]
Во мај 1994 г. Live! ја добил наградата албум на годината од <i id="mwAag">Билбордовите</i> латински музички награди.[32] Бил прогласен за албум на годината на Техано музичките награди во 1994 година,[33] а на Lo Nuestro наградите во 1994 година, бил номиниран за Регионален мексикански албум на годината.[34] Live! бил сертифициран со златен тираж од RIAA за продадени 500 000 примероци, а во Мексико биле продадени 250 000 единици.[32]
Покрај кариерата како пејачка, Селена работела и како дизајнерка на облека. Таа отворила два бутика во Корпус Кристи и во Сан Антонио, и двата под брендот Selena Etc.[10]
Списанието Hispanic Business објавило дека пејачката од овие бутици заработила над пет милиони долари.[35] Таа била рангирана меѓу дваесетте најбогати хиспански музичари со најголем приход во 1993 и 1994 година.[36] Селена во март 1994 година го издала нејзиниот четврти студиски албум, Amor Prohibido.
Amor Prohibido станал нејзин најуспешен албум за време на нејзиниот живот. Хитовите како Bidi Bidi Bom Bom, No me queda más и насловната песна Amor Prohibido се сè уште многу популарни и денес. Албумот станал вториот техано-албум кој до крајот на годината се продал во над 500.000 примероци, што претходно било постигнато само од групата La Mafia.[10] [37] Исто така, станал еден од најпродаваните латино албуми во САД[38] [36] и бил меѓу најпродаваните американски албуми во 1995 година.[39] Албумот е сертифициран за 36× платинест од RIAA за продажба од 2,16 милиони примероци во САД.
Amor Prohibido ја популаризирала техано-музиката кај помладата и кај пошироката публика. [40] [41] Двете песни, „Amor Prohibido“ и „No Me Queda Más“, биле најуспешни американски латино-песни за1994 и 1995 година, соодветно.[42][43] Поради комерцијалниот успех, албумот бил номиниран за Греми за најдобар мексикански/американски албум на 37-те Греми награди во 1995 година.[44] Ја добил наградата Запис на годината на Техано музичките награди во 1995 година [33] и Регионален/мексикански албум на годината на Ло Нуестро наградите во 1995 година. [10]
По објавувањето на Amor Prohibido, Селена се сметала за „попопуларна од самата техано-музика“ и ги пробила бариерите во светот на латино-музиката.[45] Многу медиуми ја нарекле „Кралица на техано-музиката“.[б 3] Списанието Билборд го ставило Amor Prohibido меѓу најважните латино-записи во претходните 50 години[52] и го ставило на нивниот список од топ-100 албуми на сите времиња.[53] Во 2017 година, NPR го рангирал Amor Prohibido на 19-то место на нивната листа од 150 најдобри албуми направени од жени.[54] Селена снимила дует со Barrio Boyzz под наслов „Donde Quiera Que Estés“, кој бил објавен на нивниот истоимен албум во 1994 година. Песната го достигнала првото место на топ-листите за латино-песни,[55] што ѝ овозможило на Селена да гостува во Њујорк, Аргентина, Порторико, Доминиканска Република и Средна Америка, каде што не била многу популарна.[10] [56]
Кон крајот на 1994 година, претседателот на ЕМИ, Чарлс Копелман, увидел дека Селена ги постигнала нејзините цели на пазарот на шпански јазик. Тој сакал да ја промовира како соло поп-музичар на англиски јазик. Селена продолжила со турнејата додека ЕМИ почнала да го подготвува кросовер-албумот, за кој биле ангажирани композиторите добитници на Греми.[10] Во 1995 година, таа имала камео појавување во Дон Хуан ДеМарко, во кој глумеле Марлон Брандо, Џони Деп и Феј Данавеј.[57]
Семејството Квинтанила ја именувало Јоланда Салдивар (една од најблиските пријателки на Селена) за менаџер на бутиците на Селена на почетокот од 1994 година.[58] Во декември 1994 година, почнал да се намалува бројот на вработени во двете продавници.[10] Според персоналот, Салдивар честопати ги отпуштала вработените што не ги сакала. Вработените во продавниците на Селена редовно ѝ се жалеле за однесувањето на Салдивар, но таа не верувала на таквите тврдења и сметала дека Салдивар нема да носи негативни непредвидливи одлуки за модниот потфат.[10]
Според Квинтанила Џуниор, вработените потоа му се обратиле нему и го информирале за однесувањето на Салдивар. Квинтанила Џуниор сериозно ги сфатил тврдењата; тој ѝ укажал на Селена дека треба „да биде внимателна“ и ѝ рекол дека Салдивар можеби не влијае добро врз неа. Селена ги отфрлила забелешките на нејзиниот татко затоа што тој честопати не им верувал на луѓето во минатото.[10] Во јануари 1995 година, модниот дизајнер на Селена, Мартин Гомез, нејзината братучетка Дебра Рамирез и клиентите ја изразиле својата загриженост за однесувањето и управувањето на Салдивар.[10] [10]
Квинтанила Јуниор открил дека Салдивар проневерила повеќе од 30.000 долари преку фалсификувани чекови од фан клубот на Селена и од бутиците.[10] [59] Тој на Салдивар ѝ укажал за недоследностите околу исчезнатите средства. Квинтанила Џуниор ѝ рекол дека ако не обезбеди докази со кои ќе ги отфрли неговите обвинувања, тој ќе ја пријави во полиција. Квинтанила Џуниор ѝ забранил на Салдивар секаков контакт со Селена. Сепак, Селена не сакала да го прекине нивното пријателство; таа мислела дека Салдивар е важна за успехот на линијата за облека во Мексико.
Неколку пред смртта на Селена, Салдивар го одложила предавањето на банкарските изводи и финансиската евиденција под изговор дека била физички и сексуално нападната во Мексико.[15] Салдивар, заедно со Селена, на 31 март 1995 година, отишле во клиника за Салдивар да се прегледа за нападот за кој таа тврдела дека ѝ се случил во Монтереј.[б 4] За време на посетата, Салдивар била прегледана од лекарот на клиниката, но немало гинеколошки преглед кој требало да се напраи во секој случај на сексуален напад. Медицинската сестра Карла Ентони рекла дека Салдивар требало да го направи испитот за силување во Сан Антонио од три причини: Салдивар била жител на Сан Антонио, клиниката во која моментално биле во Корпус Кристи, а нападот се случил во Мексико.
Потоа, Селена повторно се сретнала со Салдивар во нејзината соба во хотелот Days Inn во Корпус Кристи.[5] Во мотелот Селена ги побарала финансиските документи. Во 11:48 часот, Салдивар извадила пиштол од нејзината чанта [61] и го вперила во Селена. Додека Селена се обидувала да побегне, Салдивар ја застрелала во десното долно рамо, отсекувајќи ѝ ја субклавијалната артерија што предизвикало голема загуба на крв. Критично ранета, Селена истрчала кон лобито, оставајќи зад себе 119 метри долга трага крв. Откако службеникот повикал брза помош, таа паднала на подот, а Салдивар сè уште ја бркала и ја нарекла „кучка“.[62] Пред да се онесвести, Селена ја именувала Салдивар како нејзин напаѓач и го дала бројот на собата во која била застрелана.[63] Во меѓувреме, Салдивар се обидела да замине со нејзиниот пикап. Таа била забележана од полициската патролна кола.[64] Таа се предала по речиси девет и пол часовен судир со полицијата и ФБИ.[5] Дотогаш стотици фанови се собрале на местото на настанот. Многумина плачеле додека полицијата ја одвела Салдивар.[5][64]
Селена била пренесена во болницата во Корпус Кристи во 12:00 часот. Нејзините зеници биле фиксирани и проширени, немало евиденција за невролошка функција, немала витални знаци,[36] и била прогласена клиничка мозочна смрт.[65] Лекарите успеале доволно долго да воспостават „нерамномерно чукање на срцето“ за да ја пренесат во шок-соба,[66] и започнале со трансфузија на крв за да ја обноват циркулацијата на крвта откако ги отвориле градите на Селена и откриле обилно внатрешно крварење.[64] Лекар за итна помош почнал да ѝ го „масира срцето“ откако тоа престанало да чука.[67] Лекарот од итната медицинска помош донел одлука да ја реанимира пејачката.[68] По 50 минути операција, била констатирана смрт поради загуба на крв и срцев удар (во 13:05 часот).[64][69]
Во октомври 1995 година, судот во Хјустон за убиството на Селена ја осидул Салдивар на доживотен затвор.
Веста за убиството на Селена брзо се проширила. Реакциите за нејзината смрт биле споредувани со оние по смртта на музичарите Џон Ленон и Елвис Присли и онаа на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди.[31] [70] На вестите Селена била нарекувана „Мексиканската Мадона“.[71] Нејзината смрт два дена била вест на насловната страница во The New York Times.[10] На нејзиниот погреб присуствувале 60.000 луѓе.[72]
Веста исклучително тешко ја погодило хиспано-заедница во САД. Многу обожаватели патувале илјадници колометри за да ја видат куќата и бутиците на Селена и местото на злосторството.[10] [73] Меѓу познатите личности кои изразиле сочуство на семејството Квинтаниља биле Глорија Естефан, Селија Круз, Хулио Иглесијас и Мадона.[10]
На 12 април 1995 година, две недели по смртта на Селена, Џорџ В. Буш, тогаш гувернер на Тексас, го прогласил нејзиниот роденден, 16 април, за Ден на Селена во државата.[16][74] Тој рекол дека Селена ја претставува „суштината на културата на јужен Тексас“.[75]
Селена дала голем придонес во редефинирањето на латино-музиката[76] и нејзините поджанрови техано, [38] [77] кумбија и латино-поп. [78] [79] Селена ги срушила бариерите во латинскиот музички свет.[80] [77] [81] Таа се смета за „една од најзначајните мексиканско-американски пејачки од крајот на дваесеттиот век“. [78] Списанието People ја прогласило Селена за една од најинтригантните луѓе од 20 век.[82] Американскиот сенатор Кеј Бејли Хачисон ја нарекол Селена една од „жените кои ги обликуваа САД“. [83]
Селена е прогласена за една од највлијателните латино-музичари на сите времиња и е заслужна за издигнувањето на музичкиот жанр на мејнстрим пазарот.[8][9] Latin Post ја нарекол „една од најпознатите уметници во латиноамериканската музичка историја“,[84] а „Њујорк тајмс“ ја нарекол „веројатно најважна латино-музичарка во земјата, на пат да стане една од најважните, точка." [85] Селена станала познато име во САД и Мексико по нејзината смрт и станала дел од американската поп-култура.[85] [86] Таа станала попопуларна по смртта отколку додека била жива.[87]
Во јули 1995 година бил објавен првиот албум на Селена на англиски јазик, Dreaming of You; албум на кој Селена работела непосредно до пред нејзината смрт. Се продал во 175.000 примероци на денот на објавувањето во САД - тогашен рекорд за женски изведувач - и бил продаден во 331.000 примероци во првата недела.[88][89] Селена станала трета музичарка која продала над 300.000 примероци за една недела, по Џенет Џексон и Мараја Кери.[90] Дебитирал на првото место на американската топ-листа Билборд 200, со што станал прв албум од хиспано-изведувач кој успеал во тоа.[91][92][92] Со Dreaming of You, Селена станала прв солист кој дебитирала на прво место со постхумен албум.[93] Dreaming of You се придружил на пет студиски албуми на Селена на Билборд 200 топ-листата истовремено, со што Селена станала прва жена-изведувач во историјата на Билборд што го направила тоа.[92] Албумот бил сертифициран 59-кратно платинест (латино-албуми), за продажба од 3,54 милиони единици еквивалентни на албуми само во САД.[92]
До 2017 година албумот е продаден во над 2,942 милиони копии во САД и со тоа е најпродаван латино-албум на сите времиња во САД (според Nielsen SoundScan).[94] Се смета дека нејзината смрт предизвикала интерес за латино-музиката кај луѓе кои не биле свесни за нејзиното постоење.[22][76][95] Исто така, се смета дека нејзината смрт ги „отворила вратите“ за други латино-музичари како Џенифер Лопез,[22] Рики Мартин и Шакира.[96]
Во 2023 година, Ролинг Стоун ја ставило Селена на 89-то место на списокот од 200 најдобри пејачи на сите времиња.[97]
Во 1995 година, Селена била примена во Билбордовата Куќа на славните <i id="mwBMY">на л</i>атино-музиката,[98] Куќата на славата на Hard Rock Cafe, [36] и Музичката куќа на славните во Јужен Тексас.[70] Во 2001 година, била примена во Куќата на славните на техано-музиката.[99] Во 2017 година, добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[100] Од писателката Лори Јасински била прогласена за една од 20-те највлијателни Тексашани на сите времиња.[70] Била рангирана на петто место од „100 највлијателни латино-музичари на 20 век“ според регистарот на округот Оринџ.[101] Медиумите на Селена ѝ дале многу епитети, како: „Кралицата на кумбија-музиката“,[102] „Женски Елвис“,[103] „Кралица на хибридната поп-култура“, „Хиспанската Мерлин Монро“,[95] „ Тупак Шакур на латино-музиката“,[104] „кралица на Корпус Кристи“,[105] и „Принцеза на народот“.[106] [22]
Во 1995 година, мексиканската актерка Салма Хајек била избрана да ја глуми Селена во биографски филм продуциран од семејството Квинтаниља и Ворнер Брос.[107] Хајек ја одбила улогата затоа што сметала дека е „прерано“ да се прави филм за Селена, и дека ќе биде чувствително затоа што смртта на Селена сè уште се покрива на американската телевизија.[108][109] Над 21.000 луѓе учествувале на аудицијата за главната улога, и тоа станало втора најголема аудиција по онаа кога се барала глумица за улогата на Скарлет О'Хара во Однесено со виорот (1939).[36] [110] Порториканско-американската актерка Џенифер Лопез ја заменила Хајек, што на почетокот наишло на критики поради порториканското потекло на Лопез, но откако ја видоа нејзината изведба, фановите ги смениле ставовите. [111]Филмот бил објавен на 21 март 1997 година. Со продукциски буџет од 20 милиони долари, филмот заработил 35 милиони долари во САД [112] Филмот бил комерцијален и критички успех [113] и често критичарите го наведуваат како пробивната улога на Лопез.[86] [114]
Албуми на Selena y Los Dinos
Соло студиски албуми
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.